28 Март, 2024
0.0284

Катица Јанева во трка со времето

„Специјалка“ за СЈО од Уставниот суд?

Според роковникот, Собранието треба да се распушти на 12-ти октомври, па ако Уставниот суд ја донесе одлуката за СЈО после тој датум, парламентот веќе нема да заседава и не ќе може да се изгласаат евентуални измени за усогласување на законот за СЈО

Објавено во: Македонија 17 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Уставниот суд тактизира. По завршување на колективниот одмор на судот, се уште нема абер дали оценувањето на уставноста на Законот за Специјалното јавно обвинителство ќе биде ставено на дневен ред. Веќе е закажана првата седница на 28 септември, но СЈО не е во ниту една точка од распоредот.

Четворицата лидери потписници на договорот од Пржино уште на 20-ти јули го повикаа Уставниот суд што поскоро да донесе одлука за уставноста на Законот за СЈО. Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за специјалното јавно обвинителство е распределена за работа кај судија известител, но кога ќе се расправа за него е неизвесно.

Во случај Уставниот суд да одлучи дека Законот за СЈО или делови од него се неуставни, четирите партии се обврзаа во рок од пет дена да го усогласат со одлуката на Судот и одново да го воспостават СЈО, со што „ефикасноста, опсегот и целите на СЈО треба да бидат задржани“.

Ќе има судење или повторно криза?

Во овој период на неизвесност Катица Јанева и нејзиниот тим се во трка со времето. Првите две обвиненија кои по скратена постапка ги поднесе СЈО во наредните 8 дена треба да се најдат како предмети со датум пред судија во Кривичен. Тоа значи дека обвинетите за насилните протести во општина Центар и уништувањето на документи од УБК, многу брзо ќе влезат во судница.

Меѓу обвинетите се претставници на највисокото партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а ваквиот развој ќе и нанесе штета на рејтингот на партијата  со оглед дека се ближат изборите закажани за 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ упати предупредувачка порака до СЈО. По објавувањето на двете обвиненија, тие го обвинија дека има двојни аршини.

„Фатиме Фетаи и Катица Јанева имаат само една цел. Се обидуваат неосновано да го оцрнуваат раководството на ВМРО-ДПМНЕ само заради тоа што било и ќе биде на страна на народот. Фатиме Фетаи и Катица Јанева не го познаваат ВМРО. ВМРО издржало многу покритични напади од нивните. ВМРО ќе ги издржи и овие нарачани политички случаи и ќе остане со народот.“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Времето сепак не е на страната на СЈО. Според роковникот, Собранието треба да се распушти на 12-ти октомври, па ако Уставниот суд ја донесе одлуката за СЈО после тој датум, парламентот веќе нема да заседава и не ќе може да се изгласаат евентуални измени за усогласување на законот за СЈО со одлуката на Уставниот суд.  Со што на СЈО ќе му се „врзат рацете“ и нема да може да функционира се до конституирањето на новиот парламент.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се надева дека Судот навреме ќе заседава и дека ќе донесе одлука до почетокот на октомври.

„Ако не дај Боже се донесе лоша одлука, а СЈО е една од институциите што ја има најголемата доверба кај граѓаните, тогаш 200.000 народ ќе се истури на улиците. Жестоко ќе реагираат граѓаните пред сѐ, а заедно со нив и опозицијата. Така што, во таков случај најмалку важно станува прашањето дали ќе има избори или не“, изјави Зоран Заев во интервју за Нова ТВ.

Според него, ако Уставниот суд воопшто не се изјасни за СЈО до октомври или до изборите, тоа нема да го доведе во прашање одржувањето на изборниот процес, бидејќи таа институција е формирана да работи врз основа на закон и на Уставот, и ќе продолжи да работи.

Изјаснување на Уставниот суд за уставноста на СЈО го бараат и учесниците во „Шарената револуција“, со цел да се стави крај на притисоците и опструкциите врз таа институција.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење