28 Март, 2024
0.0242

СПЕКТАТОР: Неодредено фиксиран поглед…

Објавено во: Анализа 10 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Ух, работната недела еве ја заврши, и се некако се мислам што генијално да смислам. Интелигенцијата никогаш не ми била јака страна, ама си велам па можда можам нешто и со напор да обезбедам. Да впрегнам мождани вијуги, да мислам, онака напнато, со саати, па и со оваа интелигенција што ја имам, чунки нешто ќе напишам. И одма на памет ми доаѓа Џиу Џицу министерот кој ете видиш, без натпросечна интелигенција стана светски славен. Упорен е. Та, јас за Македонијава наша, со многу напор и труд, и IQ у минус можеби ќе придонесам нешто. Не, видете, не дека сум токмак, ама стварно ме исфрустрира тоа огласот на Џиу Џицу. Во денешно време е привилегија, бре да бидеш советник на Џиу Џицу и за 3000 денари месечно совети за сестрите на хирургија да смишљаш. Како да ги држи инструментите, на пример, за на докторот да му бидат при рака. Или, како на операција да иде испрана. Или, што кафе да направи во два по полноќ. Плус тоа, привилегија е да си до министер за 3000 денари месечно, а секоја втора ноќ по болници да демнеш доктори кои спијат на смена, на главни сестри да им проверуваш црно под нокти, портири да шиканираш ѓоа Бетмен, а бубашваби да фаќаш на препад со лепче на јадица. Не, за тоа стварно треба интелигенција низ уши да ти шиба. На страна мојава фрустрација, и тоа што здравството саде умови ни го водат, гледам лекарските грешки се намалија. У ствари, ништо не гледам, пошто изгледа у Македонијава повеќе не се ни умира. Барем нема веќе на ТВ такви деградирачки стории кои лажно сакаат да ни го прикажат здравството како да е Афричко. Не треба многу интелигенција да укипираш дека откако Џиу Џицу почна да ровари, бре, све е сјајно по болниците. Само, за секој случај ги молам телевизиите нека си седат мадро. Па, толку патишта се отвораат по земјава, у Дуинг бизнис сме најбољи), ЕУ не фали, пијаниот и будалиот се споија, зарем мора да се пишуе за здравство. Седи. Туку, му се чудам на овој Гуштеров Ристо што си ги напна колегите бизнисмени. Срамно било, и девалвирачки било, што тие со наведната глава и долготраен аплауз го поздравиле говорот на премиерот. Па, зарем, говор на премиер треба да се поздрави со крената глава и кус аплауз? Од каде таа идеја? Ако кренеш глава, знаеш што следува: може да те погледне баш во тој моменат премиер и да треба да одговараш нешто. Како учителка по историја у 6 то одделение, на час за „скорнуење“. Вртиш поглед само да не ви се сретнат очите, пошто ако те праша за Тодор Александров, ти се иба мамата. Цел живот те учеле дека тој не чинел, а слушаш по телевизии дека споменик му направиле. Ај сеа, што ќе кажеш?! Затоа зури си у една точка у под кај што се спојуваат две плочки, со поглед не докрај фиксиран и чекаш да помине часот. Така и овие, ако ги праша премиерот за бизнис клима што ќе речат „не чини“? Жими мајка! Ќе речат, добра е? „Еве ние инвестираме многу, пари никој не ни должи, плативе растат, извозот иде као брзи воз за Солун“? И тоа, пусто не им се изустува! А Гуштеров, пошто не бил таму, лесно му е да збори. Стај си ги бизнисите на страна и нашиов „Дуинг бизнис - топ реформатор“ не те фаќа. Па, гледате ли, г-дине Гуштеров, дека за две фуги у подот, и тапо ракоплескање, не мора IQ да биде 140. Таквите се за у здравство. За 3000 денари. Тоа е тоа. Неодредено фиксиран поглед.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот