СПОНЗОР НА ХАОСОТ: Џорџ Сорос на улица сака да го сруши милијардерот Трамп?
Објавено во: Свет 12 Ноември, 2016
Протестите против Доналд Трамп не престануваат и се се понасилни. Повеќе илјади луѓе се собраа во 15 градови ширум Америка, од Њујорк преку Бостон и Чикаго, до Лос Анџелес.
Еден од организаторите на протестите е организацијата Moveon.org, зад која стои фондацијата на Џорџ Сорос, американскиот милијаредер.
Големо влијание
Сорос кој е тежок 25 милијарди долари, е познат како финансиер на „шарените револуции“ ширум планетата. Воедно е и еден од финансиерите на Хилари Клинтон, екс првата дама и државен секретар на САД, која многу важни одлуки не донесувала без него. Меѓутоа, додека Сорос се обидува да предизвика хаос сличен на оној во текот на протестите на движењето „Црните животи се важни“, поранешната прва дама добила инструкции да се помири со поразот, да ја спушти топката и да ги смири своите следбеници кои се собираат без никаков план, а со нејасна цел поништување на демократски одржани избори.
„Ова е кататсрофа. Влеговме во опасно време кое носи многу предизвици за нашата земја. Мораме сите да се држиме заедно-жени, имигранти, белаци, Афроамериканци, муслимани и Латиноамериканци-се наведува во повикот на протестот кој активисти на Сорос го праќале до граѓаните.
Хаос во Портланд
Милијардерот Сорос на Хилари Клинтон и помогна со 25 милиони долари, а во мејловите кои Викиликс ги објави е откриено дека тој имал повеќе од значајна улога во донесувањето на одлуката на државната секретарка. Хилари го послушала.