Според Грчката академија на науките и уметностите има решение за името, но со уставни промени
Објавено во: Балкан 16 Февруари, 2018
Грчката академија на науките и уметностите преку соопштение го искажа ставот за проблемите со името алудирајќи на уставните промени кои се нужни.
Македонија, во соопштението од Академијата ја нарекуваат „ државата на Скопје“, јавува МИА.
„Академијата забележува дека неопходен предуслов за било каков договор за името на државата на Скопје треба да биде измена на Уставот, напуштање на иредентистичките барања (учебници, географски карти, споменици на Александар Велики итн) и присвојувањето на историјата, на културата и на симболите на нашата земја. Местото на населување на еден народ не го одредува нивниот идентитет. Одолговлекувањето на нерешеното прашање не е во интерес на двете земји“, се наведува во соопштението.