Срби повторно се истепаа во Грција, едно момче потешко повредено
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2017
Група на српски туристи од Нови Сад учествувала во нова тепачка во Грција, но овој пат било нападнато 18 годишно момче од Белград.
Тепачката се случила во туристичкото место Лефкада во утринските часови. Момчето поради сериозноста на повредите итно било префрлено авионски во Белград за да биде третирано на Воената болница.
Состојбата на момчето во моментов е стабилна, а утре се очекува интервенција на хирург.
Од српското МНР известија дека напаѓачите се приведени и утре ќе бидат изнесени пред истражниот суд во Грција.