Србија барала корекција на границата со Босна на 4 места
Објавено во: Балкан 06 Декември, 2017
Србија сака да ја корегира границата со Босна и Херцеговина на 4 места - ХЕЦ Зворник, кај Баина Баста, железничката пруга Белград-Бар и во регионот на општината Рудо. Ова го изјавил претставникот на босанската погранична комисија, Жељко Обрадовиќ.
Прашањето за границата помеѓу Србија и Босна и Херцеговина ќе биде на агендата на денешните разговори меѓу членовите на двете влади во Белград, рекол босанскиот министер за надворешни работи, Игор Чернадак.
„Би било добро да се постигне договор. Ова ќе биде силна порака за идното пријателство и олеснување во односите меѓу Босна и Херцеговина и Србија, но исто така и меѓу босанскиот и српскиот народ“, рекол Карнадак.