25 Април, 2024
0.0301

Србија е куќа со две врати,една за Европа и една за Русија

Објавено во: Балкан, Економија 28 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Србија ја избра Русија, но не ја откачи Европа. Ништо ново, уште повеќе ништо изненадувачки, за балканската политика која сака да намигнува и лево и десно. Но, Српскиот претседател Томислав Николиќ е убеден дека неговата земја ги исполнила сите услови за влез во европското семејство. Ако, за и официјално да стане држава членка на Европската унија, мора да ја признае независноста на Косово, тогаш како што вели Николиќ, Србија не мора да стане дел од ЕУ. „Србија никогаш нема да го признае Косово како држава“, дециден е Николиќ. Токму затоа веднаш откако беше инаугуриран за претседател на државата, Николиќ отиде прво во Брисел, но уште утредента летна за Сочи, кај првиот човек на Руската федерација, Владимир Путин. „Веднаш по изборите нам ни беа потребни пари и затоа отидов во Русија. Знаев дека тие ќе ни помогнат. Ако мислите дека ќе правам разлика помеѓу исток и запад, тоа нема да го направам. Нема да правам разлика ниту помеѓу парите од каде што можам да ги обезбедам дали од исток или запад. Постојат разлики околу тоа што Бог што им има дадено на државите. На Русија и има дадено суровини, нафта, гас, руди  и тоа Србија може само од таму да го добие. Исто така, на располагање го имаме и огромниот пазар до кој Србија има пристап со својот специјален договор со Русија од пред 12 години, според кој ние повеќе од 80% од производите ги продаваме на тамошниот пазар без царина. Ова пак е огромна шанса за нашите пријатели од запад, кои имаат пари, имаат проекти, но пазарот им е ограничен“, објаснува Николиќ. Европа ќе извезува во Русија, без царина, преку Србија Еве како земјите членки на ЕУ соработуваат со Русија. Русија им дава одредени количини на производи (гас, руди,  и сл) кои тие сакаат да ги купат. Тие тоа ќе го поделат меѓу себе како членки на ЕУ, па потоа секоја членка на ЕУ ќе ја подели помеѓу своите компании, внатре во самата држава. „Србија нема такви ограничувања. Србија има неограничен пристап до овие количини и ова е шанса за западно- европските инвеститори да дојдат во Србија да инвестираат, да отвораат фабрики. Нивните производи ќе бидат 51% српски производ  и ќе се продава на рускиот пазар без царина, што значи 20% поефтино уште во старт и плус работната сила која  во Србија е многу добро образована, но многу малку платена е уште една шанса производот да биде поефтин одколку во нивните земји. Очекувам се ова наскоро да биде огромна развојна шанса за Србија“, вели Николиќ. Николиќ ја промовира Србија во мека за инвестиции Србија повеќе од јасно е дека ќе биде куќа со две врати - една на исток и една на запад. Николиќ е уверен дека ЕУ без Србија е незамислива, тврди ние можеме да бидеме врска помеѓу ЕУ и Русија. Путин се очекува да го посети Белград во декември, кога би присуствувал во почетокот на работите на делницата од гасоводот „Јужен тек“ во Србија, чија должина е над 400 километри. Со таквиот чин, официјална Москва ќе ги зајакне своите позиции на Балканот, А дали Русија ќе склучува нови стратешки партнерства со земјите од регионот, останува да се види. Нашиот северен сосед е во преговори барем со десет кинески инвеститори, кои сакаат да градат огромни инвестиции, како Ѓердап 3, термоелектраната „Никола Тесла“, а тука е и старата идеја за која треба да се разговара со Македонија, но и со Грција. „Да свртиме еден дел од Дунав, преку Морава и Вардар до Егејското море и да направиме за две илјади и двесте километри покус пат за стоката која се транспортира од Кина до Германија и обратно, но би било добро и за наводнувањето на нашите три држави. Тоа е проект кој постои 70 години, но никој не се осудуваше да влезе. Ние ќе се осудиме ако успееме да се собереме сите три држави на тој проект, а тоа би било можност Македонија и Грција да седнат на иста маса. Во трите држави се живее тешко и ни се потребни инвестиции“ изјави српскиот претседател Томислав Николиќ, отворајќи една нова порта за Македонија. Засега, само како порта за иднината, а што правиме во реалноста? Ќе ја отвори ли Македонија руската порта? Се добива впечаток дека Македонија повторно ќе остане слепо црево на Балканот. Нашата земја е единствената од поранешните СФРЈ држави кои сеуште го немаат затворено прашањето со клириншкиот долг. Македонските власти изминативе дваесет години, досега неколкупати најавуваа дека ќе го затворат ова прашање, но никако да го решат. Идејата, која веќе неколку години циркулира во јавноста е со гасификација на Македонија да се затвори клириншкиот долг на Руската Федерација, во вредност од 60 милиони долари. Но, барем засега и покрај првичниот оптимизам по средбите на премиерот Никола Груевски со Владимир Путин, претседателот на Руската федерација и средбите со челниците на Газпром, нема ништо од сето тоа. Разочарувачки е податокот дури и за трговската размена со Руската федерација. Еве што покажуваат последните статистички податоци, за периодот јануари - август. Вкупната размена изнесува 237 милиони американски долари. Сме извезле стоки од 18,2 милиони долари, а сме увезле 218, 7 милиони американски долари. Русија е значаен играч во Европа, тешко дека без нејзинот присуство може да се решаваат клучни економско-политички проблеми. Ќе умее ли Македонија да ја искористи руската моќ? Москва знае оти наш партнер се САД, а тоа пак формално може да претставува пречка за потпишување на било каков стратешки договор со Русија, уште повеќе, знаејќи ги намерите на Американците кои инсистираат на спречување на ширењето на руското влијание на Балканот. Во такви услови, логична изгледа одлуката на Путин, на Балканот, тежиштето на својата моќ и политика да го концентрира максимално во Белград, особено по победата на контроверзниот Николиќ. Тој се покажа како силен играч за врска меѓу западот и истокот, создавајќи база за иднината на Србија. Дали тоа ќе знае да го искористи, ќе зависи и од тоа колку ќе расчисти со балканските навики и менталитет. Овде, во Македонија, таа работа тешко одеше! Мишко Иванов, новинар во 24 вести    

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДАШЕ ГРЦИЈА - портокалов сахарски песок над Атина (ФОТО)

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

ПРИСТИГНАЛ ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА БРАТОТ НА УБИЕЦОТ НА МАЛАТА ДАНКА: Во врска со убиството испитани се 14 сведоци, еве што велат од обвинителството

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

УКРАИНСКИ ГРАДЕЖНИК Е УБИЕН ВО ХРВАТСКА: Полицијата приведе едно лице

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

ЗА УБИСТВОТО НА ДАНКА ИЛИЌ: Се јавија нови сведоци

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

УАПСЕНИ ВОДАЧИ НА ФЕДЕРАЛНАТА ПОЛИЦИЈА: Голема акција на СИПА во Сараево, Зеница и Мостар поради врски со картелот „Тито“

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СНЕГ ЈА ПОКРИ ХРВАТСКА КАКО ДА Е БОЖИЌ: Невреме во Горски Котор, поплава во Пула, гром запали покрив од куќа во Ровињ... (ФОТО/ВИДЕО)

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“

СРБИТЕ ЌЕ ЛЕТААТ СО ТАКСИ И ТОА Е ПРИЛИЧНО ДОСТА СЕРИОЗНО: Веќе потпишан меморандум со „Ербас“