Добивај вести на Viber
Поради недостаток на пари и високите тарифи кои Хрватска ги наплаќа за користење на железничката инфраструктура, српската железница од 9-ти декември драстично ќе го намали бројот на возови кои одат преку граничниот премин Сид, меѓу Србија и Хрватска.
Се укинуваат директните возови за Сараево и Загреб, а наместо досегашните пет линии од Белград за Цирих преку Хрватска, во иднина ќе има само една.
Поради непрофитабилност , Хрватски железници откажаа дури 46 возови во меѓународниот сообраќај, а на соседите им дадоа избор да ги задржи сите линии кои што им се потребни, но со соодветен надоместок за користење на хрватската инфраструктура, пренесува весникот Блиц.
„За да остане возот меѓу Белград и Сараево, железничката управа на Србија , Република Српска и Босна и Херцеговина треба да издвојат годишно околу 677.000 евра за користење на 87-те километри од хрватските пруги. Ниту ние, ниту пак другите немаат економски интерес за зачувување на оваа линија зачувување “, истакнуваат од српски железници.
Во меѓународниот патнички сообраќај од декември нема да се обраќа ниту дневниот воз "Андриќ" кој одеше од Белград до Будимпешта, како ни возот на релација Белград-Софија-Истанбул-Белград. Исто така, се укинува и линијата Белград-Букурешт- Белград.
Токму поради високите такси за користење на железничката инфраструктура во другите земји, Србија остана и без директната меѓународна железничка линија до Италија и Австрија.
Инаку Србија за својата железничка инфраструктура не бара надомест од другите држави, пишува Блиц.