Србија и Босна си разменија закани за војна, Русија го поддржа референдумот
Објавено во: Балкан 21 Септември, 2016
Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ се закани дека тие нема да дозволат воен напад врз босанските Срби во автономниот дел на Република Српска и ќе го одбранат својот народ.
Оваа закана доаѓа по растот на тензиите од закажаниот референдум на Република Српска која е незадоволна од Уставниот суд на БиХ кој го укина нивниот национален празник бидејќи бил навредлив за муслиманите и католиците и потсетува на крвавиот воен конфликт.
Потоа закана стигна од Сафер Халиловиќ поранешниот командант на босанските вооружени сили кој напомена дека Република Српска без поддршка од Србија нема да издржи ниту две недели од нападите на федералната армија на БиХ.
Поддршка за одржување на претстојниот референдум даде и Русија со што состојбата дополнително се комплицира, а реториката станува се поостра меѓу двата ентитета во Босна.