23 Април, 2024
0.0250

Србија и Македонија пред трговска војна!

Објавено во: Агробизнис, Анализа 22 Март, 2013

Добивај вести на Viber

Тврдењата на српските трговци дека Македонија во Србија извезува бразилско пилешко месо и сувомеснати, е  некоректен начин за заштитата на домашното производство, коментираат македонските агробизнисмени. Упатените во бизнисот дури велат дека Србија на овој начин се обидува да и објави трговска војна на Македонија, поради односот на македонските надлежните институции во периодот кога беше аферата со афлатоксинот. Србија има честа пракса да користи вакви начини за заштита на сопственото производство, особено кога се чувствува загрозена од увозните проеиводи, но сега сака да и врати на Македонија, поради аферата со афлатоксинот, коментираат добрo упатени извори за Фактор. Според нив ова се случува бидејќи Македонија јасно и порача на Србија дека нема да дозволи увоз на срспки млека и млечни производи, се додека земјата не ги врати европските стандарди за дозволено присутво на токсинот во млекото. Потоа македонските надлежни институции реагираа за пратката со пченица во кој според првичната анализа се  покажа дека има зголемено присуство на тешки метали. Сеуште се чекаат резултатите од од мострите што беа пратени на дополнителни супер анализи. Се работи за околу 300 тони пченица од двајца српски извозници, и била наменета за три македонски млина. Спорните количества додека не се добијат резултатите од супер анализите ќе бидат затворени во магацините на увозниците. Од Агенцијата тврдат дека ниту грам од спорната пченица не завршила во производство на брашно и леб. Но, мелничарите во Македонија побараа Агенцијата за храна и ветеринарство да го испита и српкото брашно. Од друга страна македонските агро бизнисмени велат дека изминатиот период извозот на македонските сувомеснати преработки меѓу кои и тие од пилешко месо, на српскиот пазар драстично праснал. Според некои груби проценки на годишно ниво во Србија од Македонија се извезуваат сувомеснати производи во вредност од над 7 милиони евра. Стопанската комора на Србија обвини дека од Македонија се увезува сомнително пилешко месо Деновиве Стопанската комора на Србија ја обвинува Македонија, дека  во текот на минатата година во Србија од Македонија биле увезени повеќе од 1,1 милион пилиња и значајни количини на сомнително месо од Бразил, каде што живината се храни со соја која што е генетски модифицирана. Претставникот на Српската стопанска комора, Мирослав Благојевиќ, за српските медиуми изјавил  дека во Македонија месото се увезува од Бразил, каде што пак живината се храни со соја која што е генетски модифицирана,а потоа Србија увеувала македонско пилешко месо и сувомеснати преработки.Српските производители, поради скапиот процес на производство, не се конкурентни. Затоа се намалува и производството на животинско месо во земјата, кое што за три години е преполовено и моментално изнесува околу 100.000 тони годишно. Како последица на тоа, Србија увезува се поголеми количини на пилешко месо и преработени производи. Српските производители и преработувачи на месо потврдиле дека не користат увезено пилешко месо за своите производи, но сметаат дека македонските производители прават малверзации. Од македонската  Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека  Македонија не извезува свежо пилешко месо. -Се работи за комплетни измислици. Ништо од овие информации изнесени од српската Стопанска Комора не е вистина-вели директорот на АХВ Дејан Рунтевски Надлежните посочуваат дека Македонија сувомеснатите преработките дел се  произведуваат од домашно пилешко месо, а дел од пилешко увезено од Европската унија. Од Бразил  се увезувал само пилешки стек. Според надлежните институции, во ситуацијата не може да се работи ниту за реекспорт, бидејќи во тој случај фирмата што го прави реекспортот мора да има одобрување од државата, а тоа не се случило, а доополнително во такви случаеви производот треба да има копија од оргиналниот сертификат плус сертификат издаден од македонска страна. Инаку и Македонија нема сопствено производство на свежо пилешко месо, така што домашниот пазар се снабдува со увозно пилешко од Јужна Америка, земјите од регионот и Европа. На годишно ниво само за увоз на пилешко од поранешните југословенски републики се државата троши околу 20 милиони евра, а уште повеќе за увоз на пилешко од Јужна Америка и земјите од ЕУ, од каде што се увезуваат и поголеми количества. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари