Србија ја чека одлуката на Франција за испорака на Харадинај: Екстрадиција на командантот на УКЧ-Тешко?
Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2017
Mинистерството за правда на соседна Србија на Франција и испратило дополнителна документација во врска со проширувањето на истрагата против Рамуш Харадинај.
Харадинај по потерница на Србија се наоѓа во екстрадиционен притвор во Франција.
Франција пак денеска ќе одговори на барањата на српските и косовски власти за пуштање на слобода или испорачување на Србија на поранешниот обвинет и лидер на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај.
Харадинај е уапсен во Франција на 4 јануари, а француското обвинителсво ден подоцна соопшти дека тој ќе остане во притвор додека Србија не упати офцијално барање за испорачување.
Екстрадиција на Рамуш-тешко
Белград тешко може да смета на испорачување на еден од некогашните команданти на УЧК Рамуш Харадинај, пишува српски Б92 пренесувајќи ја анализата на московскиот дневник Комерсант.
Како што се наведува причината за таквиот став било тоа што Хашикиот трибунал веќе два пати го ослободувал Харадинај од сите обвиненија.