Србија ќе мора да го признае Косово до 2019 година?
Објавено во: Балкан 31 Октомври, 2017
Американскиот заменик државен секретар, Хојт Ји при неодамнешната посета на Белград побарал од српскиот претседател Александар Вучиќ, Србија да го признае Косово до 1 јануари 2019 година.
Oва го тврди поранешниот српски министер за капитални инвестиции и за урбанизам и градежништво, Велимир Илиќ.
„Хојт Ји побара да се исполни писменото ветување дека Косово ќе добие место во ОН до 1 јануари 2019 година и нагласи дека САД нема да толерираат одложување за ниту еден ден“ - изјави денеска Илиќ, кој лидер на партијата Нова Србија, која до средината на оваа година беше дел од српската владина коалиција.
Илиќ наведе дека српскиот претседател во ниту еден момент „не споменал дека му биле поставени услови“.
„Според тоа како работи српската Влада, се води кон тоа дека ветувањето што е дадено од Американците, ќе биде исполнето“ - вели претседателот на Нова Србија.
Вучиќ во петокот наведе дека при неодамнешната посета во Белград, Ји и предал на Србија тешки, но не и нови барања.