18 Декември, 2017
0.4633
    ALK 7300    -0.06%     GRNT 766.8    0.58%     KMB 2705.47    0.2%     MPT 27000    0%     OHB 4800    0.67%     PPIV 38000    0%     RZLV 44    -2.22%     RZUS 107    -0.82%     STIL 128.98    1.56%     TPLF 1489.75    -0.68%     TTK 839    1.25%     UNI 1870    0%     USJE 23500    2.17%     ZILU 155    2.65%

Србија ќе обвини 160 припадници на ОВК за воени злосторства

Објавено во: Балкан 12 Август, 2017

Повеќе од 160 лица од албанска националност се обвинети за воени злосторства на Косово во српското Обвинителство за воени злосторства, пишува денеска весникот „Блиц“.

Станува збор за припадници на ОВК, кои се осомничени  за злосторства врз српско и неалбанско население за време на судирите на Косово од крајот на 1997 година до завршувањето на НАТО бомбардирањето во 1999 година.

Истраги во Србија се водат против Хашим Тачи, сегашниот косовски претседател и Рамуш Харадинај. Весникот наведува дека освен нив под сомнение се и Агим Чеку, командант на ОВК, братот на Рамуш Харадинај, Даут Харадинај, Сулејман Селими, Фатмир Лимај, Харадин Баљај, Љах Брахимај, Јакуп Красниќи, Нуредин Баљај, Сулејман Селими, Азем Суња, Сахит Јаша…

Тачи е познат како предводник на дреничката група, која функционирала како дел на ОВК, а потоа и како криминален клан, пишува „Блиц“, додавајќи дека исто е и со Харадинај, кој бил водач на метохиската група.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ЕДИ РАМА ЗА МАЛКУ ЌЕ „ИЗЕДЕШЕ“ ЧЕВЛА ПО ГЛАВА: Го спаси чадор!

(ВИДЕО) ЕДИ РАМА ЗА МАЛКУ ЌЕ „ИЗЕДЕШЕ“ ЧЕВЛА ПО ГЛАВА: Го спаси чадор!

Хрват признава: На биткоинот заработив „дебело“

Хрват признава: На биткоинот заработив „дебело“

(ВИДЕО) Тепачка во албанското Собрание - фрлени и чадни бомби

(ВИДЕО) Тепачка во албанското Собрание - фрлени и чадни бомби

Поплави во Грција - десетици домови се под вода

Поплави во Грција - десетици домови се под вода

Екстремисти планирале да го убијат Ердоган при посетата на Грција

Екстремисти планирале да го убијат Ердоган при посетата на Грција

СРБИН ВО БЕЛГИЈА: Никогаш нема да се вратам во Србија, овде немаат комплекси

СРБИН ВО БЕЛГИЈА: Никогаш нема да се вратам во Србија, овде немаат комплекси

Се преврте рингишпил во Сараево - има ли повредени?

Се преврте рингишпил во Сараево - има ли повредени?

(ВИДЕО) ШОК ВО ДУБРОВНИК: Eве што исфрли силниот ветер од морето

(ВИДЕО) ШОК ВО ДУБРОВНИК: Eве што исфрли силниот ветер од морето

Грчката црква ја моли БПЦ да се откаже од улогата мајка црква на МПЦ

Грчката црква ја моли БПЦ да се откаже од улогата мајка црква на МПЦ