Добивај вести на Viber
Во текот на ноември во Србија ќе се донесе закон за условен отпис на затезните камати на сите неплатени даноци. Ова го најави Министерот за финансии и стопанство Млаѓан Динкиќ. Според него ова е шанса на стопанството за нов почеток, некој вид даночна амнестија. Со законот условно би се отпишале сите затезни камати за неплатени даноци од минатото и би се обезбедило мирување на даночниот долг од една година за големите фирми и две години за малите и средни фирми, под услов редовно да ги сервисираат тековните обврски, месец за месец.
- Дури и ќе ги подигнеме блокадите по основ на неизмирени даночни долгови, доколку само првата месечна рата се уплати на време, изјави Динкиќ.
Од друга страна секој кој ќе ја уплати главнината на даночниот долг автоматски ќе му се избришат сите затезни камати кои најчесто се суми кои ја надминуваат главнината на долгот. Се со цел да се зголеми ликвидноста во стопанството и да овозможи поголема циркулација на пари во економијата.