СРБИН ВО БЕЛГИЈА: Никогаш нема да се вратам во Србија, овде немаат комплекси
Објавено во: Балкан 16 Декември, 2017
Србин кој неодамна се преселил во Белгија вели дека нема да се врати назад во родната земја, затоа што во државата каде сега престојува му е добро.
Раскажува дека за многу работи за кои во Србија би добил отказ во Белгија се нормални.
Работи на факултет, а навечер држи вежби за студенти.
„Колку и да ја сакам Србија, мислам дека никогаш нема да се вратам затоа што не сакам да робувам на примитивизам“ - вели тој.
Сепак, на Твитер за оваа приказна момчето од Србија доби добри и лоши коментари. Едни сметаат дека многу малку време е таму за да има изградено мислење, а други ја поздравуваат неговата одлука.