СРБИТЕ МАСОВНО ЛЕТУВААТ ВО ОВАА ЗЕМЈА: Имаат за 35% повеќе српски гости
Објавено во: Балкан 19 Август, 2017
Во последните години бројни српски туристи се одлучуваат за одмор во Албанија.
Според податоци од туристички агенции од Бујановац и Прешево, најголем интерес има за Драч.
Таму полн пансион со 6 ноќевања и превоз од Гњилане чини 180 евра.
За разлика од лани, оваа година за 35% повеќе српски туристи летувале во Албанија.
Во Албанија оваа година имаат голем број туристи од Романија, Франција и Германија.
Оние кои веќе летувале во Албанија велат дека плажите се чисти, уредни, а домаќините љубезни.