Србите повлекуваат производ во кој е најдена гума
Објавено во: Балкан 08 Ноември, 2017
Инспектори во Србија забраниле продажба и наредиле повлекување на 1953 килограми какао крем и млечен крем „Нестле Ципирипи“ затоа што парче гума имало во производот.
Со решение на инспекторот забранета е продажба на предметната серија и наредено е целосно повлекување.
Се работи за пакувањата од 400 грама, од производот произведен на 4 јули оваа година.
„Потврдено е дека во производот има примеси на гума и константирано е дека недостатоците се отстранети“- известија властите.
Од компанијата Нестле Адриатик известија дека доброволно ќе ги повлечат и производите Ципирипи крем Дуи, Нугат и Чоко-ванила, сите со рок на траење до октомври 2018 година, како мерка на претпазливост.