Србите со возила му го блокираа патот на Иса Мустафа
Објавено во: Балкан 02 Декември, 2016
Србите денеска го блокираа главниот пат Приштина-Рашка, кај село Рударе, откако слушнале дека тука ќе помине колона возила со косовскиот премиер Иса Мустафа и дел од министрите во косовската Влада, објавиТанјуг.
Патот беше затворен со возила, а на местото се собраа и неколку десетици Срби.
Во Рударе се испратени припадници на косовската полиција, а има и паркирани возила на Брзата помош.
Мустафа и министрите требало да се појават на свеченоста на отварање на мостот на реката Бистрица, во општина Звечан, во северно Косово.
Мостот е изграден со помош од силите на НАТО и КФОР.