19 Април, 2024
0.0241

СРЕДБА БРНАБИЌ - ЈОВАНОВСКА - ТИПКО: Кои се насоките за развој на добрососедски односи?

Објавено во: Балкан 07 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска се сретна со македонската амбасадорка во Белград,  Вера Јовановска – Типко, при што разговарале за натамошното јакнење на добрососедските односи и на регионалната соработка.

Брнабиќ нагласила дека двете држави имаат многу простор за развој на меѓусебните односи, особено во економијата и туризмот, нагласувајќи дека имплементацијата на Акциониот план за регионален економски простор на Западен Балкан е значајно прашање кое ќе ја олесни и подобри соработката.

Од кабинетот на Брнабиќ информираат дека таа му пратила покана за посета на Белград на премиерот Зоран Заев, оценувајќи притоа дека средбата ќе биде позитивен исчекор во односите меѓу двете земји.

Брнабиќ и Јовановска - Типко се согласиле дека без политичка стабилност нема ни економски просперитет и дека искрениот и отворен дијалог е единствениот начин за надминување на сите отворени прашања. 

Во петок навечер во Белград македонската амбасада ќе организира свечен прием по повод Денот на независнота 8-Септември, на кој се очекуваат највисоките преставници на српскиот државен врв.

Можеби ќе ве интересира

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ФОРЕНЗИЧАР ВЕРУВА ДЕКА УБИЈЦИТЕ ЈА РАСПАРЧИЛЕ ИЛИ ЗАПАЛИЛЕ ДАНКА: Деловите можеби ги однеле на 50-60 километри

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

ПО ПРЕБРОЕНИ 98 ОТСТО ОД ГЛАСОВИТЕ: ХДЗ има 60, а СДП 42 пратенички мандати

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ПРЕД САМИОТ СТАРТ НА ЛЕТНАТА СЕЗОНА: Црна Гора има сериозни проблеми, добро подгответе сѐ ако планирате таму на одмор

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

ГИ НАРЕКОА ПРИМИТИВЦИ: Босански здруженија бараат гонење на Додик и Вучиќ поради негирање на геноцидот во Сребреница

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот

Еден од убијците на Данка Илиќ сакал да го смени адвокатот