СРЕДБА КОЅИАС - НИМИЦ: Ќе има ли промени во црвените линии?
Објавено во: Балкан 14 Јули, 2017
Средба помеѓу грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас и медијаторот на ОН во спорот со името, Метју Нимиц ќе има во понеделник во Брисел.
Средбата ќе се одржи на маргините на Советот на шефовите на европските дипломатии. Коѕиас пред неколку дена во интервју за грчката телевизија Антена не прецизираше кои се црвените линии на грчката Влада во спорот за името. Тој изјави дека би било голема грешка да се произнесе по прашањето пред средбата со Нимиц.
Нимиц беше во Скопје пред една недела и се сретна со шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Но, од Скопје не замина за Атина на средба со тамошните власти како што правеше претходно.