СРЕДБА КОЅИАС-НИМИЦ ВО БРИСЕЛ: Ќе има ли некаков исчекор?
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2017
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас денеска во Брисел ќе се сретне со медијаторот за спорот со името на Македонија, Метју Нимиц.
„Целта на средбата, која следи по посетата на Нимиц на Македонија во почетокот на јули, е да се дискутира за пронаоѓање можност за напредок во преговорите за спорот за името“- вели Стефан Дужарик – портпарол на генералниот секретар на Обединетите нации.
Нимиц по средбите со македонскиот државен врв во Скопје рече дека не може да се очекува нов предлог и брзо решение.
Коѕиас во пресрет на состанокот не ги прецизира конкретно грчките позиции, затоа што вели тоа е дел од процесот на преговори. Тој во интервју за грчката телевизија „Антена“ порача дека главен услов за какво и да е поместување останува Скопје да се откаже од како што вели иредентизмот, и тој не смее да се рашири низ Балканот. Коѕиас тврди дека досега Македонија не била подготвена за решение.