Средба на Тилерсон и Ердоган во Турција
Објавено во: Свет 16 Февруари, 2018
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и американскиот државен секретар Рекс Тилерсон одржаа средба за пронаоѓање начини за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји.
Кабиентот на турскиот претседател соопшти дека на средбата којашто траела повеќе од три часа, Ердоган јасно ги изнел очекувањата на Турција во однос на сириското прашање.
– Во разговорите беа разгледани регионални теми, пред се Сирија и Ирак, како и борбата против тероризмот и билатералните односи. При тоа сосема јасно беа изнесени турските очекувања во врска со тие прашања, се нагласува во соопштението.
Потоа следува средба на Тилерсон со министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Односите меѓу САД и Турција почнаа да се влошуваат поради американската поддршка на Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои Анкара ги смета за терористичка организација и огранок на Курдската работничка партија (ПКК) во Сирија и против кои започна обемна офанзива минатиот месец.