19 Април, 2024
0.0270

Средба Поповски Дезир - Поддршка за реформи во медиумите

Објавено во: Македонија 14 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност во Владата на Република Македонија, Роберт Поповски денеска се сретна со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ, придружуван од делегација на ОБСЕ.

На состанокот е поздравена отвореноста на Владата за носење на новиот Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги низ широка отворена експертска дебата со почитување на мислењата и препораките на ОБСЕ и на ЕК во делот на слободата на медиумите.


- Медиумите и новинарите имаат силна поддршка од новата Влада, којашто е цврсто определена кон слободата на изразување, професионално и објективно работење на медиумите и новинарите, без никакво политички влијание или притисоци, или насилство од какови било вид, како што беше тоа случај во претходните години. Посветени сме кон создавање услови за целосна независност и професионализација на јавниот сервис, МРТВ, како и целосна независност и ослободување од какви било можности за влијанија врз регулаторот, Агенцијата за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, рече министерот Поповски.

Министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски објасни дека за сите случаи за напади врз новинари се води соодветна истрага и дека заложба на МВР и на Владата е тие да се расчистат до крај.

На средбата се разговараше и за новиот предлог Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги. Министерот Поповски соопшти дека Законот е направен по повеќе дебати со медиумската заедница и експертската јавност во земјава и дека е поставен на Веб страницата на Владата, каде што е ставен 20 денови на увид на широката јавност.

- Ќе имаме уште еден состанок со претставниците од медиумската заедница дотогаш, за да ги слушнеме уште еднаш забелешките, доколку има нови, а сериозно ги разгледуваме и насоките на ОБСЕ, коишто се исто така транспарентно поставени на Веб  страницата на Владата. По тоа, ќе излеземе со финален предлог текст до Владата за новиот Закон за аудио и аудио визуелни медиумски услуги, рече министерот Поповски.

Претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, Дезир и делегацијата на ОБСЕ изразија поддршка на заложбите на министерот Роберт Поповски, коишто се определба и на премиерот Зоран Заев  и на новата Влада, за отворената, транспарентна и отчетна работа и носење на законите, низ широка јавна дебата.

Обезбедувањето независни, професионални медиуми и регулаторни тела е дел од демократизацијата на општеството и Република Македонија е на добар пат во обезбедувањето перспективи за медиумите, своите граѓани и државата, констатирано е на средбата на министерот за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, со Харлем Дезир, претставник за слобода на медиумите на ОБСЕ.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?