19 Април, 2024
0.0384

Ќе има ли средба Заев-Груевски?

Објавено во: Македонија 20 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Денес е предвидено во исто време премиерот Зоран Заев и неговиот претходник Никола Груевски речиси во исто време да одат на судски рочишта за предметите „Поткуп“ и „Шамари во Центар“ па можеби ќе се сретнат низ судските ходници секако без никакви официјални или протоколарни одредби претходно договорени.

Актуелниот премиер подолго време ги одложува судските рочишта со неговата набилдана агенда. Заев често патувањето во странство го спречува да се појави на рочиште за „Поткуп“, па постои голема веројатност тоа да се случи и денес. денес Заев треба да се сретне и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Инаку лидерска средба немало од последните преговори во Пржино, а Заев и Груевски поодамна не се сретнале тет-а-тет, па можеби токму денешното разминување во Кривичниот суд ќе ги потсети дека е добро да се организира поголема политичка средба меѓу лидерите на партии за договарање поддршка за итните реформски процеси.

Груевски од друга страна пак, е оставен без пасош и не може да патува во странство на службени средби со политичари и неговата одбрана бараше да му се врати патната исправа исто како што тоа беше направено за Заев но, судот одби.

Предметот „Поткуп“ започна откако во јавноста се појави снимка од разговор на струмички бизнисмен со Заев кој тогаш беше градоналник на Струмица за изградба на црква. Заев тврди дека предметот е политички мотивиран и монтиран бидејќи бил свесен дека се обидуваат да го наместат и дека го снимаат.

Во предметот „Шамари во Центар“, Груевски е обвинет од СЈО врз база на прислушкуваните разговори во кои тој како премиер нарачува партиски активисти да упаднат во зградата на општина Центар и еден демонстрант да му удри неколку јаки шамари на Андреј Жерновски кој тогаш беше градоначалник, а по повод наводното рушење на црквата во Центар кое испадна дека е лажно.


Можеби ќе ве интересира

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо