18 Април, 2024
0.0236

Средношколци од Македонија на трето место во Централна и Источна Европа по општо знаење

Објавено во: Мои пари 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Средношколци од меѓународното училиште „Нова“ во Скопје изминатиот викенд учествуваа на натпреварот по општо знаење CEESA Knowledge Bowl кој се одржа во Белград, Србија и го освоија третото место. Тие се изборија за бронзениот медал во конкуренција од 16 тима од различни земји во Централна и Источна Европа.


Станува збор за турнир каде од исклучително значење е брзината, а учесниците одговараат на случајно избрани прашања од различни полиња како природни науки, историја, географија, уметност, лингвистика итн. Покрај од Македонија учествуваа и средношколци од Русија, Хрватска, Полска,Бугарија итн.

CEESA Knowledge Bowl се одржува секоја година во различни градови, а во него земаат учество образовни институции од Централна и Источна Европа.

- Презадоволни сме и од пласманот и од уделот на секој ученик во натпреварот. Го дадовме својот максимум и успеавме да победиме тимови кои важеа за фаворити на Knowledge Bowl. Секоја година испраќаме наша екипа на овој натпревар и почнувајќи од 2015 година учениците се враќаат закитени со медал. Тоа е најголемото задоволство за секоја институција која е фокусирана на раст и развој на секој свој ученик со цел да го постигне својот максимален потенцијал  – велат од Меѓународното училиште „Нова“.


Knowledge Bowl во 2016 година се одржа во Скопје, а домаќин беше „Нова“. Тогаш двата македонски тима се пласираа на првото и второто место.

Натпреварот е дел од активностите во рамките на Асоцијацијата наобразовни институции од Централна и Источна Европа (CEESA) во која членува и „Нова“.

Можеби ќе ве интересира

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Дали гласањето е право на избор или обврска? Дали е до нив, или до тебе е?

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро

Празнувањето може да започне

Празнувањето може да започне

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Забрзајте и олеснете ги секојдневните домашни работи со Gorenje

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Работилници за врсничко насилство и за учениците од Берово во кампањата на „Макпетрол“

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Караванот на Државна изборна комисија е дел од кампањата - „ТИ СИ НА РЕД“ и започнува утре во Градско, Битола и Пласница

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

Јована Матевска Атанасова: Наградата „Пегаз“ е круната на мојот досегашен книжевен труд

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

„Халкбанк“ организира работилници за заштита на животната средина во рамки на иницијативата „Прајслес планет“

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ

БИТОЛЧАНЕЦОТ Ј.М. ГО ОСВОИ РЕКОРДНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ