20 Април, 2024
0.0276

СРЕДСТВАТА НА КЛИЕНТИТЕ ВО ИЛИРИКА СО КОНТИНУИРАН ПОРАСТ

Објавено во: Мои пари 29 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Илирика Југоисточна Европа, со нето добивка од 16,4% во 2017 година, втора година по ред е убедливо најпрофитабилен инвестициски фонд во Македонија.

Обемот на средства во фондовите на Илирика во 2017 година бележат континуиран пораст, а особено динамичен раст има услугата Индивидуално управување со портфолио за сметка на клиент. Довербата на клиентите се потврдува преку надпросечната добивка и преку успехот на управување со нивните средства. 

На денешната инвеститорска средба и презентација на постигнатите резултати од работењето на Илирика во изминатата 2017 година, меѓудругото, беше презентирано и признанието „Најдобар инвестициски фонд“, кое Илирика го доби од реномираната издавачка куќа АИ Глобал Медиа од Велика Британија.

„Вложувањето во инвестициски фондови е чекор кој овозможува стабилно управување на личните или корпоративните финансии кои притоа растат, благодарение на внимателните инвестициски одлуки на нашите стручни инвестициски советници. Втора година по ред добиваме меѓународна верификација за нашите резултати од реномирани интернационални организации кои ја одразуваат довербата во Илирика, а нам ни даваат мотив за уште поголем успех во вложување на средствата на нашите клиенти“, рече Коста Костадиновски, извршен директор на Илирика Фунд Менаџмент.

Присутните на Годишната инвеститорска средба се запознаа со најновите информации и случувања на македонската и на светските берзи, а беше искакнато дека Брокерското друштво на Илирика, трета година по ред, е број еден брокер за хартии од вредност во Македонија по остварен промет. Илирика ги претстави најзначајните постигнувања од минатата година и чекорите кои ќе ги превземe согласно очекувањата за периодот кој следува.

Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!