СРПСКА АКТЕРКА ЗА НАПАДОТ ВО БАРСЕЛОНА: Луѓето паѓаа мртви на улица
Објавено во: Свет 19 Август, 2017
Српската актерка, Сузана Петриќевиќ била очевидец на терористичкиoт напад во Барселона, во кој загинаа 13 лица.
Таа за крвавиот напад раскажува дека бил повеќе од ужасен, летале делови на сите страни, владеела паника меѓу луѓето.
„Гледавме во смртта, буквално и гледав во очи, беше на метар од нас. Како успеав во таа паника да влезам во продавница не знам, две млади девојки ме повлекоа внатре. Уште не сум свесна што доживеав“ - вели актерката.
Таа таму се нашла на одмор со другарките кои биле во моментот на плажа.
„Влегов во продавница за очила, почнаа сите да врескаат, не знаев што се случува. Видов како летна жена со дете во раката“ - додава Петриќевиќ.
Откако комбето почнало да ги гази луѓето, се создало и стампедо, а актерката гледала како луѓето паѓаат мртви на улица.