29 Март, 2024
0.0257

Српското земјоделство со годишна стапка на раст од 20 отсто

Објавено во: Агробизнис, Балкан 17 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Шефот на делегацијата на Европската унија во Србија, Винсент Дежер, ја пофали државата за развојот во земјоделството, но ја предупреди и на  погрешните преземени потези во однос на заштита на земјоделското производство. Поради постојаниот вишок, српското земјоделско производство има годишна стапка на раст од 20 отсто. Дежер упати забелешка до српските власти, дека владината мерка за забрана на извозот на шеќерна репка, сончоглед и соја не е добар потег, и советуваше што поскоро ваквата мерка да се укине. Шефот на делегацијата на ЕУ, срспките власти дека треба да ги почитуваат договорените обврски во однос на извозот, особено во случајот со забраната за извоз на шеќерна репка во Хрватска. Дежер забележа и на фактот дека  во Србија попис на земјоделството не е направен дури од 1960 година. На Меѓународната конференција за прехрамбена индустрија, српските агробизнисмени ги искажаа и своите забелешки во однос меѓународната трговија. Предложија постепено укинување на бариерите во ЦЕФТА за извоз на сите производи, при распределбата на земјоделските субвенции да се користи хрватскиот модел, да се воведат нови производствени технологии во земјоделското производство, да се окрупи на земјиштето и друго.

Можеби ќе ве интересира

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

СЕ БЛИЖИ ВЕЛИГДЕН: Колку пари ќе ви требаат ако сакате да купите јагне?

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи

ОД ДЕНЕС ВЕДРО НЕБО И МНОГУ СОНЦЕ: Максималните дневни температури пролетно високи