23 Април, 2024
0.0296

Стагнантни развојни индикатори на Македонското сточарство

Објавено во: Агробизнис, Колумни 04 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Анализата на финансиската подршка од 2010 година до 2015 година покажува приближно изедначено учество во вкупните финансиски средства за директна подршка на земјоделството од нешто над 30% (Таб.4). Не е познато според кои критериуми од годишните програми за поддршка на земјоделството на сточарството му припаѓа една третина, а на растителното производство околу 70%. Растителното производство го сочинуваат останатите три гранки,  полјоделство со градинарство, овоштарство и лозарство, меѓутоа сточарското производство е далеку најсложен систем, со користење на софистицирана опрема, поголем број високо квалификувана работна сила и капитал со повисока вредност.Сепак износите кои биле наменети за сточарството не се за потценување, бидејќи годишно биле предвидувани по околу 2 милијарди денари односно близу 33 милиони евра, или за изминатите шест години над 200 милиони  евра. Таб.4 Финансиска подршка на сточарството (според податоци од Годишните                                 Програми за подршка на земјоделството)
Година Директна подршка Други средствамилиони ден. ВкупноМилијарди ден.
милијардиден. % *
2010 1,733 32,5 - 1,733
2011 2,033 32,6 4,0 2,037
2012 2,337 33,7 8,0 2,345
2013 2,206 32,0 10,0 2,216
2014 2,000 31,9 10,0 2,010
2015 2,100 33,5 10,0 2,110
Вкупно 12,409 32,7 42,0 12,451
*Процент од вкупните средства планирани за земјоделството Меѓутоа нашите анализи покажуваат дека според завршните сметки на буџетот на Р.Македонија во овој период (2010-2015година) користени се планираните средства со 78,8%, односно 12,2 % од планираните средства за подршка на земјоделството не се искористени. Ако овој процент се примени на средствата планирани за сточарството, ќе се види дека во сточарството се реализирани близу 160 милини евра. Без детални истражувања не може да се каже колку од овие средства се вложени во производството, а колку се потрошени за подобрување на стандардот на земјоделците . Од тука може да се каже дека, ако нема позитивни развојни трендови, потрошените средства за подршка не дале резултати. Зошто и со субвенции се намалува добиточното производство? Како и бројот на добитокот така и вкупното добиточно производство го прикажуваме во последните пет години споредено со 1991 година (Таб.5). Очигледно е дека последните години движењата на вкупното производство се различни и разочарувачки, бидејќи дел од важните  производства се помали во 2015 година во споредба со 2011 година. Што да се каже за споредбата помеѓу обемот на производството од 2015 година со тоа од 1991 година? Освен сериозно зголемување на обемот на производството на кравјо млеко и нешто зголемено производство на свинско месо, останатите производства наместо да растат покажуваат не само стагнанетен тренд туку и големо намалување во споредба со 1991 година. Се покажува дека директните финансиски средства што ги добило сточарството од 2010 до 2015 година (Таб.4) не дале никаков ефект врз зголемување на добиточното производство без оглед на тоа дали и колку се вложени во развојот. Таб.5 Добиточно производство
Бр. Вид производи 2011 2012 2013 2014 2015 1991
1 Кравјо млеко мил.литри 376,3 349,8 380,7 387,0 361,1 119,2
2 Овчо млеко мил.литри 25,4 38,6 34,3 35,7 40,7 60,3
3 Волна тони 275 897 841 829 955 2563
4 Јајца милиони броја 296 237 216 248 203 574
5 Мед тони 1105 603 784 723 688 978
6 Говедско месо тони 5301 4981 5485 5522 4875 8238
7 Свинско месо тони 8340 10598 8845 9886 10826 9915
8 Овчо месо тони 6370 5600 4725 4727 3980 13145
9 Живинско месо тони 1621 1945 1801 2011 1729 2419
Нема континуитет во обемот на производството поради некомпетентната аграрна политика Во услови на пазарна економија, каналите на продажба  на производството се во поголем број, меѓутоа кај нас најголем обем се врши преку откуп, кој се прати од официјалната статистика (Таб.6). Во последните неколку години некои откупени количини се многу поголеми (2010-2014 година) некои многу помали, што покажува дека нема континуитет во обемот на производството како резултат на некомпетентна и неконзистентна аграрна политика. Положбата е уште поболна кога ќе се види дека од осамостојувањето на Македонија (од 1991 година.) некои производства преку откупот покажуваат големо заостанување (месести свињи, гоени говеда, јагниња, живина и јајца). Положбата со добиточното производство е особено лоша во производството на месо. За илустрација може да послужат количините на увезено месо во последните десет години, бидејќи во 2005 година сме увезле вкупно месо од 41967 тони, додека во 2014 година сме увезле 109360 тони. Има повеќе причини за така енормно зголемен увоз, меѓутоа кога имате минорни количини на домашно производство и откуп,  увозот е неизбежен. Таб.6 Количини на вкупен откуп (поважни производи)
Вид производ 2010 2011 2012 2013 2014 1991
Месести свињи тони 7322 4193 4878 4181 2753 8054
Гоени говеда тони 45 237 396 260 274 762
Јагниња тони 91 131 170 593 419 893
Живина тони 13 13 13 23 20 612
Кравје млеко  мил.литри 83,9 106,5 105,7 113,8 136,0 28,4
Овчо млеко   мил.литри 2,4 5,4 3,6 6,8 7,9 3,1
Кашкавал трапиз тони 46 122 6 7 10 24
Други сирења тони 217 302 786 824 1216 873
Јајца милион.бр. 101,2 73,0 68,5 83,9 74,6 252,0
Минимално учество во вкупното земјоделско производство Според последните објавени податоци од Државниот завод за статистика (стати стички годишник 2015) сточарството учествува во вредноста на производство на земјоделската „деловна гранка“ со 21,7%, визави учество на сточарството во годишните програми за директна подршка на земјоделството со над 30%. Дека во Македонското сточарство нема развој туку тренд на стагнација, што најдобро се гледа од податоците во табелата. Таб.7. Економски сметки во сточарството - тековни цени
Показател 2010 2011 2012 2013 2014
Добиток мил.ден. 8421 8399 8292 8102 7609
Добиточни производи мил.ден. 9505 9134 9735 10410 10819
Вкупно 17926 17533 18027 18512 18428
Движење на базниот индекс 100 97,0 100,6 103,3 102,8
Движењето на вкупната вредност на економските сметки во сточарството, во однос на базната година (откако почнаа да се даваат обемни финансиски средства за поддршка на земјоделството – сточарството), покажува дека има раст само од 2 – 3 %, што е резултат на инфлација, а не на вистинска зголемена вредност, бидејќи податоците се резултат на пресметка по тековни цени кои не се дефлаторни. Професор др. Борис Анакиев         За условите за развој на сточарството во Македонија и за бројноста на добиточниот фонд повеќе на следниот линк Нема оправдување за падот на добиточниот фонд

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари