Стандард енд Пурс : Еврозоната финансиски се стабилизира?!
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2013
Меѓународната агенција за проценка на кредитниот рејтинг Стандард енд Пурс заклучува дека во втората половина од 2012 година дошло до позитивни промени во еврозоната, а 2013 може да биде пресвртница кон подобро.
Во извештајотот насловен „Должничката криза во еврозоната 2013“, се посочува дека оваа година може да биде пресвртница за должничката криза иако во монетарната унија повеќе од три години, имало сериозни економски и финансиски проблеми.
Агенцијата верува дека државите ќе можат да ги стабилизираат јавните долгови и да ги малат надворешните задолжувања.
„ На Европа и се потребни дисциплинирани и чувствителни мерки. Веруваме дека европските политичари работат на потребната инфраструктура за подобрување“, соопштуваат од Агенцијата.