Добивај вести на Viber
За еден степен “Стандард и Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на Словенија од “А“ на “А минус“.
Мотивите на агенцијата да го намали кредитниот рејтинг на Словенија се нестабилната политичка состојба во земјата, економските проблеми и ризиците.
Намалувањето на рејтингот значи – претпазливост за инвеститорите, како и добивање на кредити со построги услови и тоа би можело да ја засили кризата во земјата. Словенија, како и Грција и Кипар, западна во криза поради лошата состојба на банкарскиот систем.