25 Април, 2024
0.0283

Станете дел од Џевахир скај приказната и почувствувајте ја разликата

Објавено во: Мои пари 17 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Доколку сакате живот сосема различен од она што на пазарот на домување се нуди во Македонија, вистински избор е Џевахир Скај сити со кој Скопје за првпат доби модерни станбени висококатници и стана дел од светскиот модерен начин на живот.

Комплексот на своите станари им нуди ексклузивен начин на живот, а сите содржини кои ги има можат да го направат животот полесен, поекономичен и попрактичен што е од исклучително значење во денешното брзо темпо на живот. Скај Сити едноставно е дизајниран да обезбеди висок комфор, сигурност, безбедност, контрола и заштеди во семејниот буџет. Но истовремено и можност за брзо задоволување на секојдневните потрошувачки потреби со што станарите ќе добијат повеќе време и простор за семејството, пријателите, за дружење и релаксација.


Оние кои веќе имаат купено стан во кулата А, веќе знаат што значи живот во модерен објект – чисти пространи ходници, шест супербрзи лифтови со кои за помалку од минута се стига до 40. кат, рецепција, 24часовно обезбедување, се само дел од квалитетот кој го добива секој станар во комплексот. Истовремено во време кога е исклучително тешко да се обезбеди место за паркирање за сопственото возило, со купување стан во Џевахир Скај Сити се решава и ова прашање бидејќи во подземната катна гаража по поволна цена може да се добие и паркинг простор кој е изграден според највисоки стандарди за безбедност.

Од посебно значење за секој оној кој решава да купи стан е и квалитетот на градбата. Во изградбата на висококатниците се користи трослоен вентилиран фасаден систем со А класа сертификат кој нуди супериорна термална и звучна изолација, како и огноотпорност. Џевахир Скај Сити има и сопствен, таканаречен ВРФ систем за греење и ладење кој претставува  паметно енергетски ефикасно решение со кое секој станар индивидуално може да одлучува кога и колку сака да го затоплува или разладува својот дом, со што се први контрола на сметките и се дава простор за заштеди во семејниот буџет.

Но она што особено го одвојува од други станбени комплекси се содржините кои ќе им стојат на располагање на станарите - затворениот базен, сауната, СПА и фитнес центар како и детското ќоше. Истовремено четирите висококатници кои го сочинуваат целиот комплекс ќе бидат поврзани со голем трговски центар кој ќе има неколку супермаркети и голем број продавници со реномирани брендови, кои ќе ги задоволат потребите и барањата на станарите во комплексот, но и на вкупната популација во градот и државата. Трговскиот центар, исто така ќе содржи и неколку ресторани и кафе барови за одмор и релаксација.


И покрај сево ова секој кој купува стан во новиот комплекс добива модерно дизајниран станбен простор, со широки пространи прозорци од кои видикот на Скопје е неверојатен. Дополнителна предност е што се добива стан со кујнски елементи, како и целосно опремено бања, со што во старт се намалуваат трошоците за опремување на домот.

Сите оние кои сакаат да станат дел од Џевахир скај сити приказната можат да ја искористат најновата промотивна понуда со која во кулата Б се нудат станови со површина од 55 до 103 квадратни метри по цена од 849 евра за метар квадратен.

За дополнителни информации побарајте не на телефонскиот број 078 361 623 или посетете ја нашата веб страна www.cevahirskycity.mk или нашата Facebook фан страна www.facebook.com/cevahirskycity/

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет