20 Април, 2024
0.0321

Станковиќ: Жално е да дознаеме од медиуми дека Орка заминале од МПМ во тешки моменти

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Новинарите на МПМ поддржани од независниот новинарски синдикат денеска излегоа на штрајк поради незадоволството и неисполнетите барања. Љубиша Станковиќ од Утрински весник посочи дека и тие се изненадени кога од медиумите дознале дека претходните ко-сопственици Орка Холдинг и Јордан Камчев се повлекле од раководство на МПМ во клучни моменти кога се водат тешки преговори.

– Жално е што преку медиуми дознаваме дека компанијата „Орка Холдинг“ заминала во време кога се обидуваме да преговараме. Минатата недела бил одржан состанок во компанијата со главните уредници, каде бил присутен и господинот Јордан Камчев како еден од ко-сопствениците на МПМ, вели Станковиќ.

Од ССНМ посочија дека на Денот на македонското новинарство, 17-ти февруари, во најголемата медиумска издавачка куќа Медиа принт Македонија, најголем дел од новинарите и другите медиумски работници стапија во штрајк.

- Раководството на компанијата, за кое вчера јавноста беше информирано дека делумно веќе го напуштило бродот кој тоне, наместо грижа за одржување на тиражите на весниците и други иновативни решенија, портфолиото на медиумите го стави во слугинска улога на бизнис и партиски центри на моќ. Со тоа, тиражите на весницити кои поради светските трендови и онака беа намалени, почнаа вртоглаво да тонат. Наместо да се свестат, сопствениците на комапнијата излезот го побараа во постојано бркање на успешни уреднички тимови и новинари, а носејќи колеги кои им се по волја на властите.

Повеќе од една година поради ваквата состојба платите почнаа да доцнат, и да се исплаќаат надвор од законскиот рок, со што вработените новинари и медиумски работници се скратени за плата и половина и се доведени од свој џеб да го финансираат опстојувањето на весниците. Покрај ова, сопствениците и менаџментот од почетокот на годинава ја прекинаа секоја форма на социјален дијалог и останаа глуви на барањето на новинарите за средби и за договори, велат од ССНМ.

Засега е неизвесно како ќе продолжи да функционира МПМ со трите дневни весници Утрински, Дневник и Вест, како и останатите сектори во издавачката компанија.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите