23 Април, 2024
0.0293

Станови: Македонците се повеќе се интересираат за елитните населби!

Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Изградбата на елитни станови во зони кои се подалеку од централното градско подрачје станува се поатрактивна. Инвеститорите почнаа да го прифаќаат трендот од западните земји и се преориентираат кон приградските населби, од една страна затоа што комуналиите не се скапи, а од друга страна има доволно простор за изградба и на други придружни содржини, компензирајќи ја на тој начин оддалеченоста од центарот. Токму во изминатите две години изградбата на резиденцијални комплекси стана вистински хит, а освен на веќе познатите луксузни локации како Водно и Сопиште се гради и во скопските населби Волково, Припор, Бутел... Познавачите на градежниот бизнис сметаат дека поради тоа што во земјава веќе ја нема средната класа, на пазарот практично се нудат само два типа станови. Помали, до 50-60 метри квадратни, со стандардна градба и луксузни, од 120 метри квадратни па нагоре. Инвеститорите исто како и агенциите за недвижности велат дека и покрај кризата, во Скопје расте побарувачката за луксузни станови, а цената на станбен квадрат во новите луксузни ресорти варира од локација до локација, па некои нудат станови и за 900 евра, а некаде достигаат и до 1500 евра. На кои локации се градат луксузни станбени комплекси? Водно  Панорама и Соравија  На Водно, во близина на некогашното Олимписко село, веќе е изграден резиденцијалниот комплекс на Соравија. Подолу, на местото на поранешниот хотел  Панорама , во крајна фаза на изградба е ресортот Панорама резиденс, луксузно-апартмански комплекс кој нуди фантастичен поглед кон главниот град, а нуди од двособни апартмани, до дуплекси и пентхаус. И Соравија и Панорама, освен домување, нудат и затворени базени, спортски игралишта, спа-центри, ресторан, продавници, приватно обезбедување. Панорама Соравија Гранд престиж Малку подолу од Водно, до поранешната фабрика Алумина, полека финишира изградбата на уште еден резиденцијален комплекс. Гранд престиж е насловот на објектот, а го гради градежната фирма Импексел 2. Комплексот содржи шест луксузни ексклузивни станбени згради со над 1.000 станови, паркови и детски игралишта од околу. За потребите на новиот комплекс општина Карпош предвидела изградба на две нови сервисни улици. “Свесни сме дека е ова мегаломански проект, но веруваме дека ќе ги продадеме становите, затоа што не сме многу скапи, а се наоѓаме на одлична локација. Околу 25% од становите уште во изградба ни се продадени и целосно платени“, вели Неим Хусеини, сопственик на Импексел 2. City View Resort На другата страна на падините на Водно, во Сопиште, се гради уште еден станбен комплекс со примат на луксузен. Инвеститор е фирмата Мартинили а комплексот е наречен City View Resort . Објектот содржи две станбени згради со вкупно 72  екслузивно опремени станови. Ресортот, според објавата на веб страната нуди, теретана, подземен гаражен простор, пешачки патеки.. Ента Сеал Во групата на ексклузивни резиденцијални градби се вклопува и комплексот кој се гради на самиот кеј на Вардар, наречен Ента Сеал на инвеститорот Алеант. Комплексот е сместен на површина од околу 7.000 метри квадратни, а становите се распоредени во седум влезови, во два објекти. Секој од апартманите, меѓу кои има двособни, трособни, четворособни и апартмани на две нивоа, ќе има сопствено греење и ладење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВО ПУСТЕЦ: Наскоро ќе биде поставена биста на Гоце Делчев

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

ВАЖНО: Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе можат да гласаат

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП

УТРЕ НЕМА ДА РАБОТИ ЖИЧНИЦАТА, А АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД: Еве што велат од ЈСП