29 Март, 2024
0.0252

Станува ли „Макпетрол“ фирма управувана од фамилија?

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Александар Спасовски зетот на Андреја Јосифовски на 10 јуни мноштвото акционери на собранието го бираат за член на Надзорниот одбор. На 19 јуни Надзорниот одбор (НО)  ја бира Марија Јосифовска Спасовска, ќерка на Андреја и сопруга на Александар Спасовски, членот на НО, за член на Управниот одбор на „Макпетрол“. Сега Андреја Јосифовски води управен одбор во кој членува неговата ќерка, а нивната работа ја одобрува Спасовски кој е сопруг и зет. Како Јосифовски успева да внесе членови на поширокото семејство во управата и надзорот иако нема ниту 5 отсто од акциите во компанијата има повеќе од 2.600 акционери???

Марија Јосифовска Спасовска е нов член на Управниот одбор на „Макпетрол“ јуни годинава. Јосифовска Спасовска е ќерка на Андреја Јосифовски, претседател на управниот одбор на „Макпетрол“ една од најголемите македонски компании. Јосифовска Спасовска го пополнува местото во управниот одбор на компанијата што беше празно од мај лани, кога почина Ристо Јосифовски.

Надзорниот одбор на „Макпетрол“ ја избрал Јосифовска Спасовска за нов член на Управниот одбор на 19 јуни годинава, објави компанијата на интернет страницата на берзата. Во Надзорниот одбор членува Александар Спасовски сопруг на Марија и зет на Андреја Јосифовски, претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“. Спасовски е избран за член на Надзорниот одбор на компанијата на последното акционерско собрание што се одржа на 10 јуни. 

„Фактор“ нема информација дали Спасовски се изземал од гласањето за избор на неговата сопруга или пак гласал за предлогот. Исто така не знаеме кој ја предложил Јосифовска Спасовска да го пополни упразнетото место во Управниот одбор на компанијата.  

„Фактор“ на 21 јуни, веднаш од објавувањето на информацијата на информативниот сервис на берзата, достави прашања до „Макпетрол“ во врска со постоење или непостоење на роднински релации меѓу Марија Јосифовска Спасовска и Андреја Јосифовски претседателот на Управниот одбор на „Макпетрол“. До денеска не добивме одговори на прашањата, а доколку ги добиеме ќе ги објавиме во целост.

Промените во Надзорниот одбор

На последното акционерско собрание настана промена на половина на членовите на Надзорниот одбор. Имено со истекувањето на мандатот продолжување не добија Станко Веселински, долгогодишен член на управата на „Макпетрол“ и Оливера Данова. Мандатите беа продолжени на Звонко Трифунов и на Дејан Левески. На испразнетите места за нови членови беа избрани зетот Спасовски и Филип Чадиковски. Сега најстар член на Надзорниот одбор е Трифунов од Кавадарци со 57 години. А најмлад член е Спасовски кој има 32 години. Членовите на Надзорниот одбор се избираат со мандат од 6 години.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

БОГАТАШИТЕ И НИВНИТЕ ТЕЛЕФОНИ - ANDROID ИЛИ IPHONE: Овие видови мобилни ги користат Гејтс, Закерберг, Бафет и Безос

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПОЗНАТИОТ ГОТВАЧ ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОТВОРИ РЕСТОРАН ВО НАШЕТО СОСЕДСТВО - еве каде точно се наоѓа и какви се цените

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

ПЛАТЕНИ СЕ 45 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 27 АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - кој е инвеститорот во фармацевтската компанија

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

Од 1 април зголемена минимална плата во Грција

ДУИ со експанзија во угостителството

ДУИ со експанзија во угостителството

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

ПРОДАЖБАТА НА ВИНО ДОНЕСЕ ПРИХОДИ ОД 950 ИЛЈАДИ ЕВРА, НО ОВА НЕ БЕА ЛЕСНИ ДЕНОВИ ЗА „ПОПОВА КУЛА“ - скапа струја и шишиња, недостиг од работници...

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

КИНЕЗИТЕ ДОБИВААТ УШТЕ ДВЕ ГОДИНИ РОК ЗА ИЗГРАДБА НА АВТОПАТОТ КОН ОХРИД: измените на законот пред пратениците, кој ќе го гласа?

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

Во што „Стопанска банка Скопје“ вложи 40 милиони евра? Се спрема кредитна офанзива!

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие

БРИТАНЦИТЕ ПЛАТИЛЕ ОДЛИЧНО ЗА НИВНИТЕ СВЕЧЕНИ ОДЕЖДИ, АМА „ЕДИНСТВО“ СЕПАК ОТИДЕ ВО МИНУС - еве што е маката на струмичкото претпријатие