25 Април, 2024
0.0328

СТАНУВАМЕ ЗЕМЈА НА БОГАТИ И СИРОМАШНИ: Колку пари чуваат граѓаните во банка?

Објавено во: Финансии 03 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Ефектите на домашните политички случувања имаа влијание врз активностите на банкарскиот систем во првиот семестар на 2016 година преку забавен раст на депозитите додека во периодот април и мај, 2016 година е забележано намалување на депозитната маса за 1,7% или околу 3,5 милијарди евра.

Трендот на раст на долгорочното штедење беше прекинат, така што во порастот на депозитите најзастапени беа депозитите по видување но и девизните депозити што од своја страна укажува на забавување на процесот на денаризација на депозитната активност, покажува полугодишниот извештај за работата на ФОД (01.01-30.06.2016 година) 

Воедно, продолжил и растот на обесштетување на штедачи од банки и штедилници кај кои настанал ризичен настан во минатото (стечај или ликвидација), со што заклучно со 30.06.2016 година изнесува 90%.

На крајот на месец јуни, 2016 година, вкупниот износ на депозити на населението во банкарскиот сектор во Република Македонија изнесуваше 215.722.335 илјади денари што претставува зголемување за 0,3% во однос на претходниот месец. После два последователни месеци на намалување на депозитната база на домаќинствата од 1,7% односно 1,9%, на крајот на првиот семестар евидентиран е циклус на раст на депозитите што дава индиција за заздравување на трендот за раст на депозитите.

Дополнителните анализи на движењата на месечниот раст на депозитната база на населението укажува на месечни флуктации на раст и намалување кои се најизразени во месец декември, 2015 година со раст од 1,7% во однос на претходниот месец по што се забележува незначително намалување во месец јануари, 2016 година од 0,1% и стабилен раст во наредните месеци. Сепак неизвесноста од домашните политички случувања како и јакнењето на перцепцијата на јавноста изразена преку низа шпекулативни информации изврши влијание на согледувањата на населението и во месец април и мај, 2016 година предизвика значително намалување на депозитната база за 1,7% односно 1,9% со што се наметна потребата за воведување на низа на монетарни мерки кои се превземаа од страна на Народната банка на Р. Македонија. Мерките на НБРМ дадоа први позитивни сигнали во месец јуни, каде по двомесечен пад на депозитите се забележува првото зголемување на депозитната база на население за 0,3% во однос на претходниот месец. 

Анализата на кварталните движења на депозитите на населението каде истите се групирани според законски определеното ниво на обесштетување на осигурените депозити, т.е. до и над 30.000 евра во денарска противвредност дава сигнал на намалување на учеството на депозитите до 30.000 евра во однос на вкупните депозити од 59,8% во првиот квартал на 2015 година на 58,9% во првиот квартал на 2016 година и следствено зголемување на депозитите над 30,000 евра во однос на вкупните депозити од 40,2% во првиот квартал, 2015 година на 41,1% во првиот квартал, 2016 година.

„Трендот на намалување на депозити до 30.000 евра и зголемување на депозити над 30.000 евра се задржува и при поединечната анализа на депозитите по банки каде учеството на депозитите до 30.000 евра се намалува од 59,7% (IQ, 2015) на 58,8% (IQ, 2016) и следствено се зголемува учеството на депозитите над 30.000 евра од 40,3% (IQ, 2015) на 41,2% во првиот квартал на 2016 година (Графикон 7) додека пак кај штедилниците интересен е наодот дека трендот на намалување на депозити до 30.000 евра се задржува во 2015 година но истиот бележи раст во првиот квартал на 2016 година на ниво од 83,8% споредено со последниот квартал од 2015 година кога учеството било 83,4%. Следствено трендот на зголемување на учеството депозити над 30,000 евра во однос на вкупните депозити кај штедилниците е прекинат во првиот квартал на 2016 година и изнесува 16,6% споредено со последниот квартал на 2015 година кога учеството изнесувало 16,2%“, покажуваат податоците на Фондот за осигурување на депозити.

Можеби ќе ве интересира

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот