Добивај вести на Viber
Во бирото за труд во Црна Гора моментално се пријавени 32.983 граѓани, а стапката на невработеност во таа држава изнесува 14,22 отсто, соопштено е од Заводот за вработување.
Најголема стапка на невработеност во Црна Гора од 32,7 отсто забележана е во јули 2000 година, додека најниската од 10,1 отсто регистрирана е во август 2009 година.
Од почетокот на годината Заводот евидентирал 2.042 нови вработени, а издадени се 4.230 работни дозволи на странци.