Starbucks вработи 10.000 мигранти и трпи големи штети
Објавено во: Економија 10 Март, 2017
Познатиот синџир за продажба на кофеински пијалоци Starbucks откако реши да вработи 10.000 мигранти во протест на контроверзните политики на Доналд Трамп трпи огромни штети по својот бренд и намалена продажба.
По одлуката стартуваше #BoycottStarbucks иницијативата на социјалните мрежи против синџирот предводена од многу гневни американци кои се против мигрантите и нивното ангажирање во економијата.
Според анализите на повеќе анкети задоволството и перцепцијата кај купувачите на Starbucks е намалена за десетина проценти, а предупредување стигна и од финансиската компанија Credit Suisse.
Од Starbucks велат дека ваквите негативни реакции не се поради ангажирањето на мигрантите, туку поради воведувањето на новиот систем за мобилни нарачки во продавниците кој се уште се усовршува и потребно е време за да ја покаже ефикасноста во испораката на кафе.