20 Април, 2024
0.0381

Стартуваат регистрациите за елитниот Сараево Бизнис Форум

Објавено во: Мои пари 12 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Регистрацијата за учесници за 9-тата Меѓународна конференција за бизнис и инвестиции – Сараево Бизнис Форум (СБФ) 2018, која ќе се одржи во Сараево на 25 и 25 април, официјално e отворена.

Како и во претходните години, конференцијата ќе ги обедини најеминентните бизнис и политички лидери од регионот и светот и истовремено ќе им овозможи повеќе да ги запознаат можностите за остварување бизнис и инвестиции, како во Босна и Херцеговина, така и во останатите земји од ЈИЕ регионот.

Фокусот на овогодинешниот СБФ ќе биде изнаоѓање решенија за искористување на потенцијалите од областа на енергетиката, образованието, ИТ индустријата, земјоделството и туризмот. Целта на СБФ е да ги поврзе и претстави природните и човечките ресурси во регионот, како и да ги отвори вратите за босанските и регионалните компании да добијат пристап до меѓународните пазари.

Организатор на конференцијата, која инаку веќе 9 години по ред се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина, е Босна Банк Интернационал (ББИ) во соработка со Исламската банка за развој (ИДБ), а е под покровителство на Претседателството на Босна и Херцеговина.

Учесниците кои ќе се регистрираат за Сараево Бизнис Форум пред 1-ви март 2018 ќе добијат 20% попуст на котизацијата за учество.

Минатата година на Сараево Бизнис Форум присуствуваа повеќе од 1700 учесници, вклучително и 330 акредитирани новинари, а беа остварени повеќе од 330 директни состаноци помеѓу бизнис заедницата и претприемачите. Од 2010 година конференцијата беше домаќин на околу 8000 учесници од повеќе од 50 земји.

Сите подетални информации за СБФ се достапни на www.sarajevobusinessforum.com, а регистрација за учество на овогодинешното издание може да се направи преку линкот: http://sarajevobusinessforum.com/registration-participant.


Можеби ќе ве интересира

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Арс Ламина“ со седум награди од Македонската асоцијација на издавачи на Саемот на книга 2024 година

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

„Скарбо“ од Јадранка Владова се враќа во нашите библиотеки

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!