24 Април, 2024
0.0286

Стартуваше ЕВН паралелката за специјализиран кадар

Објавено во: Мои пари 04 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје започна школската година за првата генерација ученици во специјалната ЕВН паралелка. За оваа паралелка креирана е специјална наставна програма која ја подготвија тимовите на училиштето, експерти од ЕВН Македонија и Министерството за образование. Учениците ќе стекнуваат знаење од областа на електротехниката и во нова целосно опремеа  училница за нивните потреби. Со оваа паралелка почна и процесот на дуално образование  кое треба да создаде обучен специјализиран кадар кој веднаш по завршувањето на образованието ќе биде подготвен да работи во ЕВН.

„Ова е денот кој долго го очекувавме. Сите напори и идеи конечно добија епилог“, рече г. Штефан Петер, претседател на управниот одбор на ЕВН Македонија, при посетата на училиштето по повод почетокот на функционирањето на специјалната паралелка. „Стартува учебната година за 20 тина млади луѓе кои треба да се стекнат со вештини и знаење кои ќе им го отворат патот до работното место. 20 најдобри во 2020 кога ќе го завршат своето образование ќе бидат веднаш вработени и ќе заработуваат почетна плата од 20 000 денари. Денес им посакуваме успешен почеток и им порачуваме да се посветат на учењето, да покажат резултати, да се поддржуваат меѓу себе, да научат да работат тимски, да соберат знање и теоретско и практично и по три години ги очекуваме во нашата компанија, истакна г. Петер.

Претседателот на управниот одбор на ЕВН Македонија  г. Штефан Петер  им посака успешна учебна година и на сите 168 ученици во средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“ од Скопје. 

Г. Ефтим Пејовски, директор на СЕТУГС „Михајло Пупин, изрази благодарност за подршката која ЕВН Македонија ја дава на електротехничкото училиште и образовниот процес во нашата земја. „Тимот на професори, претставници на министерството за образование и експерти од ЕВН цело лето работеа на усогласување на наставната програма според потребите на учениците, училиштетето и компанијата“, посочи г. Пејовски. Според него ова е можност за младите луѓе која што никој досега ја нема понудено. „Од денес се менува образовниот процес во Македонија. За прв пат се создава услови за образовен процес кој ке продуцира кадар кој веднаш по образованието може да работи во стопанството. Ова е единствена можност, да се запишете во училиште, успешно да го завршите и да ве чека работно место со добра плата во еминентна компанија како што е ЕВН е сон на многу деца и родители“, истакна Пејовски.

Во новиот кабинет, според новата специјално дизајнирана програма која е усогласена со Министерството за образование на РМ, ќе се обучуваат идните електричари и електромонтери. Целта е подготовка на ученици кои ќе можат директно да се вклучат во работниот процес уште за време на нивното средно образование. Ова се принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука што е веќе успешна приказна во Австрија, Германија и Швајцарија.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка