СТАТИСТИКА: Во кои земји луѓето живеат најдолго?
Објавено во: Свет 20 Август, 2017
Во светот постојат повеќе земји каде жителите се долговечни и се истражува кои фактори доведуваат до долг животен век.
Просечниот животен век на Јапонците е 83 години. Јапонија често е нарекувана „земја на бесмртност" и е глобален центар за истражување на долговечноста, бидејќи на јужните јапонски острови живеат над 400 стогодишници.
Многумина го припишуваат ова на локалната исхрана, која вклучува изобилство на морски плодови, слатки компири и мала количина риба. Активните социјални кругови меѓу постарите и силната заедница, исто така, придонесуваат за пониски нивоа на стрес и посилно чувство на припадност.
Медитеранската исхрана, која го вклучува здравото маслиново масло, зеленчук и вино, долго време придонесува за подолг животен век во Шпанија (во просек 82,8 години).
Во Шпанија, повеќето луѓе претпочитаат да одат или да возат велосипед наместо возење, а движењето, како што знаеме, е здравје.
Жителите на Сингапур живеат подолго од кога и да е - во просек 83,1 години. Земјата има некои од најниските нивоа на смртност кај децата и мајките, а превентивната здравствена заштита е јадро на здравството.
Мажите во Швајцарија живеат најдолго, во споредба со остатокот од светот - во просек по 81 година. Ова е една од најбогатите земји во Европа, па пристапот до висококвалитетна здравствена заштита, силна лична безбедност и чувство на благосостојба придонесуваат за долговечноста.
Јужна Кореја ќе биде првата земја што ќе достигне просечен животен век на нејзиното население од 90 години. Силната и растечка економија, пристап до здравствена заштита, добрата исхрана придонесуваат за долг живот.