18 Април, 2024
0.0322

СТАВ, ПРОФЕСОР БИЛАЛИ: Не чека тежок 11 декември !

Објавено во: Македонија 26 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Претстојните избори се нешто меѓу нашиот спас и нашиот тотален амбис и уништување. Голем проблем е што Груевски и компанијата настојуваат да играат со национализам. А тие гласови што би ги добиле врз таа основа се незаслужени гласови и како такви нелегитимни, оти не се дадени како заслуга за сработеното, туку како лага и измама – оценува во универзитетскиот професор Мерсел Билали.

ФАКТОР: Дали се исполнети условите за фер и демократски избори, закажани на 11 декември, годинава?

Билали: Ние сме светлосни години далеку од тоа што се нарекува “ фер и демократски“ избори. Не можете да имате такви избори во услови на тотална контрола на власта врз сите сегменти на општеството и државата. И тоа од поединците, фирмите, па се до државните институции. Тука дури не владее еднопартиски систем, туку група луѓе што ја имаат узурпирано една партија. Тоа се група тешко криминализирани луѓе што во име на една партија владеат исто така криминализирано со целата држава. Да верувате во фер и слободни избори при таква состојба е исто како да верувате дека ѓаволот е најчесно суштество. Неслучајно и странците, не зборуваат веќе за фер и демократски избори, туку за одржливи или кредибилни избори што претпоставува доза на толеранција врз газењето на концептот – фер, слободни и демократски избори. Но, тоа веќе е прагма и се прифаќа како помало зло од ова што со години го имаме. Ќе треба многу труд и време за да се санира оваа рак- рана која целото го има опфатено општеството. Ќе треба долготрајна колкетивна терапија за да се извлечеме од оваа тешка колективна болест која ни е наметнета. Исто така голем проблем е што Груевски и компанијата настојуваат да играат со национализам. А тие гласови што би ги добиле врз таа основа се незаслужени гласови и како такви нелегитимни, оти не се дадени како заслуга за сработеното, туку како лага и измама. Но, за среќа. се повеќе расте бројот на луѓе кои се освестуваат дека треба да се расчисти со таквата мафија пред  тие целосно да се пресметаат со сите нас. Гледајте, токму најголемите такви  „патриоти“ од државата истерале над 650 илјади млади луѓе во странство. Оттука да се биде таков „патриот“ значи да вршите егзодус врз сопствениот народ, да ги осиромашувате луѓето, да газите по нивното достоинство.

ФАКТОР:Какви избори, односно изборен ден не очекува?

Билали: Неизвесно е каков ќе биде тој ден, оти од ненормална власт не можете да очекувате нормални постапки. Се може да се случи, па и насилство. Тие сега играат не “се“ или “ништо“ и не верувам дека толку лесно ќе се предадат. Но, тоа е цената што ќе мора да ја платиме за општ спас. Дај боже да не бидам во право и да се изненадиме, па да имаме избори без некои поголеми потреси или жртви. Мене ме плаши една работа, што треба да се случи ако од власта го спроведат истото сценарио за крадење на изборите, иако имаат доста изгубено од таквите можности, но сепак мора да имаме предвид дека постапките на ваквата ирационална власт се непредвидливи. Но, тогаш истиот ден треба сите ние да излеземе и да го блокираме градот и институциите.

ФАКТОР: Колку и како е важна улогата на СЈО, односно исходот од почнатите истраги и покренатите обвиненија во овој предизборен период?

Билали: Тука само кратко ќе одговорам. Секоја чест на СЈО и комплетно за екипата, но судството ќе треба да  подлежи на тотален “ремонт“ по промените. Тие кои биле чесни и одлучни судии, треба да продолжат да ја работат својата работа, оти кој гарантира дека нема да имаме криминалци и во наредната власт. А сите други судии треба дома да си отидат а останатите,  со меѓународна непристрасна екипа, која ќе ја оцени стручноста ,да имаат одлучност да се истера правдата. Истрагата не треба да се третира како предизборен проблем оти правдата има потреба за перманентна заштита. Напротив, токму сега треба да се отворат што повеќе истраги за граѓаните да знаат точно кој каде се наоѓа.

ФАКТОР: По завршување на изборите, што може да се очекува,  разврска на политичката криза или можеби уште подлабока неизвесност и нестабилност на внатрешно политички план?

Билали: Можни се двете варијанти. Јас сакам да верувам дека  сепак ќе биде подобро, како и да завршат овие избори, оти истите ги гледам само како процес за да се ослободиме сите ние од постојната мафија. Значи како спас и за државата, и за институциите, и за компаниите и за луѓето. А потоа после година дена пак ќе треба да отидеме на нови нормални избори. Сега изборите се нешто меѓу нашиот спас и нашиот тотален амбис и уништување. Мислам дека се повеќе луѓе стануваат свесни дека тоа е така. И тие кои виделе некој личен интерес од ваквата власт, се повеќе се освестуваат дека со нивни пари се корумпираат на ситно за да губаат на крупно. Гледат дека крајот е катастрофа. Секој ден сретнувам симпатизери и поддржувачи на Вмро-Дпмне  кои ми го кажуваат ова.

Д.А.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Вработените во Национални шуми штрајкуваа, во меѓувреме не стивнуваат реакциите за Сребреница

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

АПАСИЕВ: Во историјата на независна Македонија, само трипати имало избори во работен ден

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

На 55 години почина Антон Андов кој остави белег во македонската продукција

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

МАРИЧИЌ: Не смее оваа поддршка на осудата на Сребреница да се гледа како чин против Србија и против српскиот народ

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

АНКЕТА: Србија ни е најважен сојузник, а Бугарија е закана

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

„Сега имам повеќе информации што се случило во Бањска“: Османи ќе и предложи на Владата напуштање на „Отворен Балкан“

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ПОПЛАДНЕВО СКОПЈЕ ГО ЗАФАТИ НЕВРЕМЕ: Силен ветер, грмотевици и пороен дожд во главниот град

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

ОДБИВА ДА ПРИМИ КАЗНА ЗАТОА ШТО БИЛА НАПИШАНА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: На социјалните мрежи се споделува видео, никој не знае од кога е

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари

КУРТО ДУДУШ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ОД СВР СКОПЈЕ - еве за што се товари градоначалникот на Шуто Оризари