19 Април, 2024
0.0287

Ставрески: Најголемите банки треба да им помогнат на приватните фирми

Објавено во: Финансии 12 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Банките треба да им помогнат на приватните фирми, а бидејќи се стабилни и ликвидни нема причина да не дојде до заздравување на кредитната активност, смета министерот за финансии Зоран Ставрески. Според него, најголема поддршка треба да дадат најголемите банки. На денешниот ФИНЕСКОП 2003 година,посочи дека растот на кредитите од 4-5 проценти можеби не е доволен, но смета дека не е ни лош за оваа фаза, иако порачува ба да се преиспитаат политиките на неколкуте најголеми банки. „Економскиот раст во услови на криза во Европа е таков каков што е, односно базира на глобални инвестиции и извоз од компании што работат во зоните, но долгорочно гледано потребно е поголема поддршка на банките на приватниот сектор“, рече Ставрески. И за претседателот на Здружението на банкари при Стопанска комора на Македонија Ѓорѓи Јанчевски, поволни се движењата во банкарскиот сектор оваа година. „Воопшто не штети на кредитирањето на фирмите бидејќи има пари и за двете страни. Државата има една милијарда евра во државни записи и обврзници од кои 582 милиони се на банките. Тоа не пречи на кредитирањето на фирмите бидејќи има доволна ликвидност. Тие се краткорочни средства и може да се пренаменат доколку има добар проект“, рече Јанчевски. Според него, банките имаат доволно ликвидни средства и за кредитни пласмани и за пласмани во државни хартии од вредност. Јанчевски очекува во следната година да се засили кредитната активност на банките и смета дека во услови на рецесија не може банките да имаат засилена кредитна активност. Според Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, по вчерашната седница е утврдено дека ликвидноста на банкарскиот систем во земјава во ноември се зголеми и банките имаа можност да го пласираат вишокот ликвидни средства во краткорочни финансиски инструменти. На домашните пазари беше забележан пораст на меѓубанкарската активност со депозити, а се тргуваше и на секундарниот пазар на хартии од вредност.

Можеби ќе ве интересира

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

„Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика во втората половина од годинава“: гувернерката Ангеловска-Бежоска за ВОА

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

ПОИСПЛАТЛИВО ИМ Е ДА ЖИВЕАТ ВО ХОТЕЛ, ОТКОЛКУ ВО СТАН ПОД КИРИЈА: Неверојатни цени на киријата во Швајцарија

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин