29 Март, 2024
0.0244

Ставрески нашол лек за Хаџимишев и Јосифовски!

Објавено во: Анализа, Економија 27 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Дали последните случувања на релација Топлификација - Макпетрол се дел од серијата напади врз компанијата за производство и дистрибуција на топлинска енергија. Иако е тешко случајот со Макпетрол да се вовлече во таква конотација, сепак едно е сигурно некој ја сака Топлификација распарчена на колена, деградирана и компанијата, но и челните луѓе на компанијата, особено првиот човек Димитар Хаџимишев, кој во изминатиов период е на удар на јавноста токму поради Топлификацијата. Зошто Макпетрол и Топлификација се на различна бранова должина А што всушност се случи вчера. Македонскиот нафтен гигант Макпетрол преку соопштение до јавноста обелодени дека нема да испорачува мазут и природен гас поради неисплатен долг од околу 1,7 милиони евра. „Производство на топлина“ поради неисплатен долг од 105 милиони денари (1,7 милиони евра). Производство на топлина” ДООЕЛ – Скопје е фирма ќерка на „Топлификација”, управувана од групацијата кон којашто припаѓа А.Д. „ТЕ-ТО” Скопје. За можните последици по снабдувањето на граѓаните и стопанските субјекти со топлинска енергија ,,Макпетрол” АД Скопје нема да сноси никаква одговорност, бидејќи потегот е изнуден заради заштита на интересите на акционерите на Макпетрол АД Скопје“, стоеше во соопштението. За ваквата состојба, Макпетрол ја извести и Владата на Република Македонија Владата експресно го реши проблемот И додека сите очекуваа реакција од Топлификација и одговор на многу прашања кои неминовно се наметнуваа по соопштението од Макпетрол, кога излезе соопштение од Владата. „И граѓаните и стопанските субјекти ќе бидат снабдувани со топлинска енергија“, стоеше во кусото официјално владино соопштение. Од „Макпетрол“ исто така потврдија дека по интензивни разговори, проблемот е надминат и дека ќе продолжи редовното снабдување на „Топлификација“ со мазут и природен гас. Министерот Ставрески бил медијатор На средбата во Владата според информациите до кои дојде Фактор присуствувале првите луѓе на Топлификација и Макпетрол, Димитар Хаџимишев и Андреа Јосифовски, но и челните луѓе на ТЕ-ТО, комбинираната електрана за производство на струја и парно. Владини извори за Фактор, тврдат дека средбата траела едвај 30-тина минути. Настанатиот проблем  ја разрешил министерот за финасии, Зоран Ставрески. Дополнителни детали ниту официјални ниту неофицијални не се соопштуваат. Генерално проблемот бил на релација ТЕ ТО – Макпетрол, но во случајов нафтената компанија во соопштението ја потенцираше и Топлификација.Сепак едно е сигурно, Макпетрол  и да прекинеше со испорака на мазут и природен гас граѓаните среде зима немаше да останат без парно греење, затоа што клучните енергенси за производство на топлинска енергија ќе се набавуваа од надвор, на слободниот пазар. Дали граѓаните со право се лути на Топлификација? Нападите од сите страни против Топлификација траат од поодамна. Јавноста е свртена против компанијата, особено после Правилникот кој утврдува дека сите граѓани низ чии домови поминуваат цевките на Топлификација треба да потпишат договори и да плаќаат фиксен надоместок за ангажирана моќност. Во спротивно, ризикуваат да бидат тужени. Секој исклучен корисник плаќа по околу 10 денари за квадратен метар станбена површина плус ДДВ. Сега и приклучените и исклучените граѓани од системот на „Топлификација“ плаќаат сметки за парно греење. Навидум, оправдан е гневот кон фирмата, иако има и мислења дека во создавањето на негативниот имиџ големо влијание имаа некои провладини медиуми. Дополнително, изминативе неколку години цената на парното греење континуирано се зголемуваше, а за високите сметки секогаш беше обвинувана Топлификација, а не Регулаторната комисија. Топлификација ќе падне, прашање на време е кога Во изминатиов период Топлификација е на мета на многу купувачи. Според непотврдени информации „Балкан енерџи груп“ е извесна компанија, која неодамна се распрашувала по македонските деловни банки за тоа какво е финасиската состојба на компанијата за производство и дистрибуција на топлинска енергија. Инаку, во текот на летото низ јавноста циркулираа многу информации дека Топлификација сепак ќе добие нова сосптвеничка структура. Овие информации добија на интензитет, особено откако „Кордикор инвестментс лимитед“, кипарската фирма која во јуни стана најголем поединечен акционер во „Топлификација“, откупувајќи 74.000 акции или 16,44 % од главнината за сума од 3,7 милиони евра, а тоа беше уделот што го продаваше словенечкиот акционер „Потеза“. Кој точно стои зад оваа компанија, никој не знае, освен шпекулациите дека оваа кипарска фирма е соработник со „Синтез Груп“, компанија која, пак, се споменува како мнозински партнер на „Топлификација“ во проектот на гасната централа ТЕ-ТО. Непосредно после оваа трансакција, Топлификација Скопје до своите акционери испрати текст на спогодба за формирање мнозински пакет-акции. Тогаш од компанијата соопштија дека овој потег следува во согласност со одлуката на Надзорниот одбор за формирање мнозински пакет-акции за заштита на интересите на сите акционери на Топлификација, но формирањето на пакетот не одеше мазно и беше прекинато. Систематско е уништувањето на имиџот на Топлификација. Доаѓа од сите страни и од граѓаните и од владата, па дури и од акционерите во самата компанија. Се чека ли сега Хаџимишев сам да ја предаде компанијата или... Дека нешто се случува во Топлификација е повеќе од јасно, засега единствено нејасно е кој сака да ја преземе компанијата, странски или домашни бизнисмени, и дали за столчето на Хаџимишев, како што напишаа медиумите, се токми човек од една од партиите на Владината коалиција? И.М.

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот