24 Април, 2024
0.0263

Ставрески: Рангирањето на “Херитиџ” е потврда за владините политики

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Рангирањето на Македонија како најдобра во регионот на Југоисточна Европа во најновиот извештај за економски слободи на фондацијата „Херитиџ“ и „Волстрит џурнал“ е потврда за владините политики за подобрување на условите за водење бизнис, смета Министерот за финансии Зоран Ставрески. - Македонија уште еднаш е најдобра во регионот и тоа само е потврда дека она што го работиме е системско подобрување на амбиентот за работење на фирмите, за слобода за претприемништво и можност претпријатијата да имаат рамен терен за игра. Тоа за нас е најзначајно. Тоа е и потик да видиме каде има дополнително простор за подобрување и ние од година во година ќе видиме каде има простор за дополнителни мерки, рече Ставрески по средбата со претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија. За можноста за намалување на цената на зелениот картон за автомобилите, како и за воведување можност тој да важи за пократок рок, а не како сега да е врзан со регистрацијата, тој посочи оти се прават анализи во континуитет. - Ние во контиуните правиме анализи на можностите, состојбите и потребите на возачите, но од друга страна и на состојбите во друштвата за осигурување и зависно од тие анализи, доколку има во некоја фаза можност, секако дека ќе донесеме дополнителни мерки во тој дел, додаде вицепремиерот Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?