20 Април, 2024
0.0260

Ставрески:„Купи куќа, купи стан“ ги чува семејните вредности

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска беше во најавена посета на домот на Иван и Ивана Стојановски во Скопје, млад брачен пар кој пред половина година се пресели во нов дом преку владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. За време на посетата Ставрески изрази задоволство од проектот за кој вели дека е платформа за поддршка на семејните вредности. „Домот и нашите најблиски се она што го прават нашиот живот. Проекот „Купи куќа, купи стан“ се базира на давањето шанса. Владата им дава шанса на стотици вакви семејства да дојдат до свој дом и да почнат да ја градат својата иднина. Знаење во животот е да се препознаат добра шанса и да се искористи“, изјави министерот. Семејството Стојановски се едни од 110 вакви семејства кои досега добија кредит преку проектот „Купи куќа, купи стан“, а одлучиле да го искористат моделот половина рата. Според моделот „Половина рата“, Владата ќе плаќа половина од месечната рата (главница и камата) во првите 5 години од отплатата на кредитот. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува 4,99% за првите три години и 5,5% за четвртата и за петтата година од отплатата. За вториот модел пак  „Половина учество“, Владата се обврзува да плати 50% од учеството за кредит за купување стан или за изградба на куќа, или најмногу до 6.250 евра за кредит од 50.000 евра. Каматата на станбениот кредит е субвенционирана и изнесува ЕУРИБОР + 4,5% поени во текот на целиот период на отплата. Секако, цената на становите не смее да надмине над 900 евра по квадрат, а враќањето на кредитот не смее да биде пократко од 20 години. Според информациите, Владата до сега субвенционираше во станбени кредити од вкупно 3,5 милиони евра за проектот “Купи куќа-купи стан“.

Можеби ќе ве интересира

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ во недела доаѓа во Градски парк на Школка

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција