19 Април, 2024
0.0554

СТЕФАН БОГОЕВ: Новата Влада ќе ги задржи младите во Македонија

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

На Македонија и е потребно  модерно и функционално образование, учениците да добијат знаење и квалитет, наставниците да  бидат издигнати на пиедесталот во општеството. Грешките направени преку брзи и непродуктивни  реформи ќе се решаваат етапно и системски, преку дебата со сите засегнати страни  кои со свои предлози и идеи ќе бидат дел од креаторите за создавање на  најдобар образовен модел за Република Македонија- вели во интервју за Фактор, пратеникот Стефан Богоев, претседател на Социјал-демократската младина.  

Ветеното како што вели полека се реализира. Првиот чекор е преку наоѓање на законска рамка за укинување на најкритикуваната образовна реформа-екстерното тестирање. 

“Поднесовме закон за укинување на екстерното тестирање и бидејќи не е комплексна материја законот е поднесен во скратена постапка. Дека ќе го укинеме екстерното и Кембриџ - тоа мислам дека сите го знаат, но целта е уште оваа година да се спаси една генерација ученици, да се спасат и наставниците од екстерното. Доколку има волја од сите партии, екстерното може да го укинеме во само еден ден. Во секој случај, дури и ВМРО ДПМНЕ да прави опструкции, ние ќе направиме се што е во наша можност да немаме екстерно уште оваа година. Грешките се во немањето на дебата во изминативе скоро 11 години што резултираше со катастрофални реформи во образованието, а решенијата се во потребата од дебата преку која ќе изнајдеме најдобар образовен модел за Република Македонија”—потенцира Богоев. 

Според него ресорот образование како дел од целиот општествено-политички систем со години е мета на сериозна партизација и притисоци. Оттука вели дека е потребна  комплетна ревизија на наставниот кадар која на површина ќе ги  извади  професионалците и квалитетот. 

“Скоро секој ресор во државата за жал во изминативе скоро 11 години беше целосно партизиран и поклопен со партиски послушници. Но, конечно дојде време во кое професионалците ќе излезат на површина. Ќе направиме комплетна ревизија на наставниот кадар, но и ќе ги извадиме на површина професионалците. Во најдобрите 5% основни и 10% средни училишта ќе ги наградиме професорите со повисоки плати за 20% и ќе помогнеме на вистинските професионалци меѓу професорите да имаат сериозен кариерен развој. Дополнително, отворени сме и за дебата од која ќе произлезат и други идеи за контролен механизам во образованието. Ќе ја намалиме и големината на паралелките, како и административните обврски на наставниците за да може целосно да се посветат на учениците”- додава пратеникот Богоев 

Дополнително покрај основното и средното законски промени ќе претрпи и високото образование, каде како што вели последниве десетина години одсуствуваше сериозна и темелна дебата, а проблемите се провлекуваа и продлабочуваа. Проблемите вели Богоев резултираа со масовни студентски протести, незадоволство кај наставниот кадар во високо обраозовните институции и нетранспарентниот и незаконски избор на студентски претставници. 

“Ние предложивме во нашата програма темелни промени во Законот за високо образование па дури и ако има потреба целосно нов Закон да се изработи. Особено во високото образование имавме во изминатите години најголем недостаток од јавна дебата што резултираше со масовни протести на студентите и професорите преку пленумите. Нивниот глас мора да биде слушнат бидејќи ние политичарите ниту сме најпаметни ниту пак најспособни. Измените или целосно новиот закон за високо образование ќе ги носиме заедно со студентите и професорите. Дополнително, преку дерегулација на високото образование планираме целосно да ја вратиме загарантираната со Устав -Aвтономија на универзитетите. Ќе направиме и ревизија на дисперзираните студии и потребата од истите. Нашата крајна цел е квалитетно високо образование преку мотивирани и креативни професори кои ќе креираат способни и образовани студенти”- вели Богоев.

Како претседател на Социјал-демократската младина вели постојано е во круг на младите и директно запознаен со нивните проблеми. Условите во студентските домови според него се  тема за која лично но и како дел од неговата матична партија мора постојано да се говори и да се најдат долгорочни и квалитетни решенија. 

“Покрај целосна и темелна реконструкција на сите постоечки студентски домови, во Скопје, планираме и изградба на два нови ултрамодерни студентски градови. Тие ќе се градат кај студентските домови Гоце Делчев и Стив Наумов. Тоа подразбира изградба на нови капацитети, реконструкција на постоечките, како и изградба на библиотеки, читални, кафетерии, теретани, спортски терени и мултифункционални кино и театарски сали. Студентот кој ќе добие легло ќе го има се до крајот на студирањето и нема да мора да поминува низ истите поцедури секоја година. Единствен услов ќе биде да полага редовно.Покрај тоа, воведуваме и картичка за разни попусти (театар, кино, музеи, меѓуградски превоз) на студентите, а ќе овозможиме и работа со скратено работно време во студентските центри за време на нивното студирање.Целта е покрај нормални и модерни услови за живот за време на нивниот престој во домовите, студентите преку картичката за попусти и можноста за заработка да имаат и повеќе пари за себе за време на студирањето”- објаснува Богоев. 

27 Април за него е црниот датум кој беше срам за демократијата и образованието бидејќи во првите редови во насилствата во Собранието беа  и  професори, директори  и вработени во  образовни институции. Овие лица според него треба да понесат сериозна одговорност. 

“Проблемот е во немањето на функционални институции и правна држава. Нашата основна цел и борба беше токму тоа. Враќање на правниот систем во државата кој ќе може понатаму да го спроведува законот и да воведе ред во државата. Дали е некој наставник, професор, доктор или политичар во една нормална држава не е битно. Законот треба да важи подеднакво за сите. Сепак, сега доаѓа време на правдата, време во кое ќе владее законот подеднакво за сите. Во една нормална држава во која владее правото сите кои учествувале во насилствата не треба да се плашат дали ќе останат во образовниот процес туку дали воопшто и ќе останат на слобода. Република Македонија ќе биде токму таква, нормална и модерна држава”- додава пратеникот. 

Борбата за враќање на довербата во институциите  вели ќе биде долготрајна и тешка. Дополнителен проблем е што последнава децанија премногу млади ја напуштија државата. Оттука една од главните насоки за подобар живот е да се задржат оние млади кои останаа, а потоа да им се понудат  опции  за да се вратат барем дел од оние кои заминале.

“Младите преку гаранција за млади ќе добијат можност за вработување, пракса или образование од страна на државата, ќе ги помогнеме со 10 000 евра неповратни пари младите со добри бизнис идеи и ќе ги субвенционираме фирмите кои ќе вработат млад човек. На овој начин ќе помогнеме младите да може да работат, заработат и да останат тука во Република Македонија. А,  граѓаните генерално да очекуваат живот и слобода. Ние не ветуваме како нова влада дека преку ноќ Македонија ќе биде Данска, но гарантираме чесност, искреност и несебично залагање за граѓаните. Во Македонија може и ќе биде подобро!- порачува претседателот на Социјал-демократската младина на Македонија, Стефан Богоев. 

Можеби ќе ве интересира

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

ДИРЕКТОРОТ НА ЈП „СТРЕЖЕВО“ ЗАРАБОТИ КРИВИЧНА ПРИЈАВА: И покрај тоа што имале ратрак, тој повторно спровел постапка за набавка на уште еден

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

СОНК не сака да одработува саботи во училиштата

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ФОТО:СЕ ПРЕВРТЕ ВОЗИЛО ПО ПРЕВОЈОТ СТРАЖА НА ПАТОТ ГОСТИВАР-КИЧЕВО: Се чека полицијата да пристигне

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЕДЕН ОД КРАДЦИТЕ НА СЕФОТ НА „ВОСТАНИЧКА“ ПАДНА ВО РАЦЕТЕ НА ОЈО: Станува збор за 23 годишно момче, еве ги деталите

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните