Стефчо Јакимовски призна пораз и му честита на Богоев
Објавено во: Македонија 15 Октомври, 2017
Стефчо Јакимовски му ја честиташе победата на противкандидатот од СДСМ Стефан Богоев кој води убедливо со 48 посто од досега преброените гласови.
Лидерот на ГРОМ упати благодарност до сите граѓани кои му ја дадоа поддршката на овие локални избори и што допринесоа за достоинствен Карпош на крајот од кампањата.
Јакимовски посочи дека денеска се случувале чудни нешта, а на избирачки места фалеле ливчиња.
Сепак, рече дека тој ќе биде присутен во Карпош со партиски активности и ќе продолжи да се среќава со граѓаните.