Обвинение за српскиот милијардер Мирослав Мишковиќ
Објавено во: Балкан 09 Мај, 2013
И официјално е покренато обвинение против српскиот милијардер Мирослав Мишковиќ за злоупотреби и прикривање данок во вредност од стотици милиони долари, потврди српското обвинителство за организиран криминал.
Како што пренесуваат српските медиуми, обвиненија се покренати и против неговиот син Марко и уште осум лица. Ако бидат прогласени за виновни, тие може да се соочат со над 10 години затвор.Мишковиќ се наоѓа во притвор од декември, а е осомничен за незаконско присвојување на најмалку 200 милиони долари при приватизација на различни градежни компании.