24 Април, 2024
0.0307

Стигна поддршката од ДУИ за СЈО: Џафери потврди дека ќе ги поддржат барањата на Јанева

Објавено во: Македонија 27 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

„ДУИ нема никаков проблем да поддржи иницијатива не само на Катица Јанева, туку на било кој, што би значело подобрување на ситуациите и расветлување на дилемите во случаите на СЈО“, изјави денеска во интервју за НОВА координаторот на пратеничката група на ДУИ, Талат Џафери.

На прашањето дали тие ќе ја преточат иницијативата на обвинителката Катица Јанева за измени на Законот за заштита на сведоци во предлог-закон, тој одговори дека не е суштината кој ќе ја предложи, туку дека истата треба да се изгласа.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева минатата недела пред Комисијата за политички систем, соопшти три барања кои според неа ќе ја олеснат работата на Обвинителството.

Јанева побара измена на Законот за Специјалното јавно обвинителство односно на член 22 и да се пролонгира рокот од 18 месеци за да може до крај да се истражи кој незаконски прислушувал.

Таа исто така повтори дека се потребни измени на Законот за заштита на сведоци, како и имплементација на препораките на Венецијанската комисија. 

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски пак, изјави дека барањата на Јанева се неуставни и си надвор од она што е договорено при формирањето на Обвинителството. Лидерот на партијата Никола Груевски минатата недела изјави дека неговата партија нема да ги прифати барањата на Јанева.


Можеби ќе ве интересира

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ДАШТЕВСКИ: Доставени се 12 приговори за заштита на личното избирачко право

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ТОШКОВСКИ OЧЕКУВА МИРЕН ДЕН: Немаме забележано никакви посериозни нарушувања на изборниот процес

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите